РЕФЕРЕНТ ЗА ИЗМАМА И ДНЕВНО РАБОТЕЊЕ

За компанијата: Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал. повеќе за компанијата »

Активни огласи од Силк Роуд Банка АД Скопје:

Референт за ризик - Раководител на експозитура во Скопје

(преземи го огласот во Word)

 

Оглас за вработување
на
Референт за измама и дневно работење во Служба за картички

во Силк Роуд Банка АД Скопје

 

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува РЕФЕРЕНТ ЗА ИЗМАМА И ДНЕВНО РАБОТЕЊЕ во Служба за картички.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

  • Најмалку средно образование, по можност универзитетска диплома
  • 1 година работно искуство, пожелно во областа на картично работење
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Добри организациски, комуникациски и аналитички вештини
  • Внимание кон детали
  • Иницијативност

 

Дел од работните задачи на референт за измама и дневно работење во Служба за картички се следните:

  • Секојдневно следење на активноста на клиентите во однос на авторизациите и трансакциите, по пат на комбинација на систем за откривање заснован на правила и релативно известување со цел да се открие сомнително измамничко однесување;
  • Секојдневно следење на активноста на трговците во однос на авторизациите и трансакциите по пат на систем за откривање на измами и / или релативно известување со цел да се открие сомнително измамничко однесување на трговците;
  • Вршење безбедносни проверки, најмногу за барањата стигнати по факс од другите банки / издавачи / стекнувачи, барања за итна истрага и сл.;
  • Комуникација, преглед и грижа за сообразност со ажурираните оперативни прописи на Меѓународните асоцијации (Виза, Амекс), особено во делот на измами и безбедност;
  • Размена на информации со другите банки и давање предлози за начини за унапредување на безбедноста и избегнување на измамите во сите активности на банката, поврзани со издавање и стекнување на картички;
  • Вршење дневно и месечно порамнување со Виса и Американ Експрес платежните шеми;
  • Секојдневно следење на трансакции кај трговци и нивна исплата/порамнување;
  • Секојдневно следење и порамнување на трансакции направени на банкомати;
  • Подготовка на месечни извештаи и следење на конта. 

 

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “Референт за измама и дневно работење во Служба за картичкинајдоцна до 07.10.2022 година.

Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата   [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »