Референт за нефункционални кредити

За компанијата: Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал. повеќе за компанијата »

Активни огласи од Силк Роуд Банка АД Скопје:

Референт за ризик - Раководител на експозитура во Скопје

(преземи го огласот во Word)

 

Оглас за вработување
Референт за нефункционални кредити во Служба за правни работи, усогласување со прописи, спречување перење пари и наплата на побарувања

 

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува референт за нефункционални кредити во Служба за правни работи, усогласување со прописи, спречување перење пари и наплата на побарувања.

  • Опис на работното место:
  •    Ги спроведува севкупните активности за наплата на портфолиото со нефункционални изложености за правни и физички лица;
  •    Ги спроведува активностите поврзани со наплатата на побарувањата со статус на краткорочни и долгорочни нефункционални долгови, со цел да се постигне намалување или целосна наплата на нефункционалните износи;
  •    Ги надгледува активностите на експозитурите и службата за корпоративно работење, поврзани со наплатата на задоцнети побарувања кои се уште немаат стекнато  статус  на нефункционални долгови;
  •    Ги контролира активностите на надворешните соработници ангажирани за наплата на  доспеаните побарувања.

 

  • Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
  •  Универзитетска диплома, по можност правни или економски науки
  • 3 (три) години искуство пожелно, по можност слично работно место на пазарот
  • Знаење од областа на банкарството
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel)
  • Избраниот кандидат треба да поседува:

- Соодветни стручни и лични особини

               - Одлични аналитички вештини

               - Високо ниво на комуникациски вештини

- Иницијатива и флексибилност

 

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “Референт за нефункционални кредити”, најдоцна до 27.05.2022 година.

Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест, како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата   [најави се за да го видиш е-маилот]

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »