За компанијата: Ние имаме 40 канцеларии во 20 земји и воедно сме зачетници во професионалното советување на територијата на источна Европа. Нашата разгранета мрежа и широката палета на услуги кои ги пружаме гарантира...
повеќе за компанијата »Хилл Скопје за својот клиент, германска фармацевтска компанија присутна низ цела Европа, бара самостојна и мотивирана личност за позицијата:
Главен сметководител
Квалификации:
- високо образование од областа на економските науки
- минимум 3 години работно искуство како главен сметководител
- интернационално искуство или работа во интернационална компанија е предност
- лиценца за овластен сметководител
- одлично познавање на MS Office и познавање на англиски јазик
- познавање на САП – предност
- познавање на соодветната Македонска законска регулатива и меѓународни сметководствени стандарди
- изразени аналитички способности и ориентација кон детали
- висока работна етика, организираност и одговорност кон доверените работни задачи
Одговорности:
- комплетно водење на сметководственото работење и контрола на истото
- изготвување на финансиски извештаи, годишни деловни планови и поддршка на менаџментот согласно потребите
- разновидни и сеопфатни сметководствени активности во согласност со сметководствените стандарди и принципи, како и со сите релевантни законски и регулативни прописи
- следење на обврски и планирање на средства за плаќање
- месечно затворање на сметководството
- изработка на прегледи поврзани со месечното затворање
- водење на проекти поврзани со сетирање на САП
- изготвување на завршна сметка
Доколку сте заинтересирани за предизвик и одговорна позиција, Ве молиме испратете ја вашата биографија со назнака за позицијата. Краен рок за доставување на апликациите е 25.09.2018. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
E - mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
www.hill.mk
Хилл Скопје, Анастас Митрев 26/3, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481
Со аплицирање на огласите во Хилл, станувате дел од нашата база на кандидати. Доколку не сакате да бидете дел од истата, Ве молиме наведете го тоа во мејлот.