Самостоен референт проценувач на имот на фондови

Друштвото за управување со инвестициски фондови КБ Публикум инвест АД Скопје, со седиште на  ул. Св. Кирил и Методиј бр.50, Скопје, е лидер на пазарот на инвестициски фондови во Република Македонија.

Поради понатамошен развој, КБ Публикум инвест АД Скопје има потреба од кандидат за следнава работна позиција:

Самостоен референт проценувач на имот на фондови

Ваши задачи:

  • Процена на вредноста на имотот на фондот и одредување на вредноста на уделот;
  • Изработка на финансиски извештаи за имотот на фондот за депозитарната банка и комисијата за хартии од вредност;
  • Пратење на дневната ликвидност;
  • Водење на банкарските сметки на друштвото;
  • Вршење на работи на плаќања во платниот промет.

 

Вашиот профил:

  • ВСС (високо образование) –економски факултет (финансиски менаџмент/сметководство и ревизија);
  • Познавања од областа на пазарите на капитал ќе се смета како предност;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Со или без работно искуство;
  • Аналитичен, ориентиран кон успех, оптимизација на тек на процеси; 
  • Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок;
  • Способност за разрешување на проблеми;
  • Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни за ефикасна интеракција со персоналот.

 

Услови кои ги нуди КБ Публикум инвест АД Скопје:

  • Возбудлива и динамична работа;
  • Пријатна работна атмосфера и тимски дух;
  • Развој на кариерата низ соодветен тренинг.

 

Работното време за оваа позиција е пон-пет 08:00-16:00.

Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци со можност за продолжување на договорот.

Доколку сте во потрага за нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на следната емаил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до истекот на 14 дена по објавување на огласот (20.10.2017 година).

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контатктирани заради спроведување на интервју. Изборот на кандидатот ќе биде извршен во рок од 10 дена по завршување на огласот.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »