Клип Медиа Груп објавува оглас за медиа-планер со полно работно време. Сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите можат да аплицираат на следната адреса на е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] , со испраќање CV.
Задачи и oбврски
• Планирање и закуп на рекламен простор на дигитални медиуми;
• Разбирање и следење на медиа-планови изработени од трети лица и/или агенции;
• Работа на in-house развиен ad server кој работи на слични принципи како Google AdWords или слични платформи;
• Анализа на статистички податоци со цел да се определи ефикасно напредно таргетирање;
• Изработка на извештаи за успешност при завршување на секоја кампања;
• Тесна соработка со секторот продажба и маркетинг при одредување на маркетинг-стратегијата, буџетот и резултати;
• Соработка со претпоставените и извршување на зададените задачи;
• Навремено одговара на барањата на клиентите и/или другите сектори во компанијата.
Потребни клучни вештини
• Одлично познавање на Microsoft Word, Excel и PowerPoint;
• Познавање и искуство со Google AdWords и Analytics ќе се смета за предност;
• Солидно разбирање на веб-метрика, дигитална анализа, со способност да генерира, анализира и интерпретира податоци;
• Познавање на македонските дигитални медиуми;
• Одлично познавање англиски јазик;
• Високо ниво на внимание на деталите;
• Посветеност и упорност при извршување на работните задачи;
• Фокус на успешноста на работата, особено кон клиентот;
• Способност за работа со кратки рокови и работа на повеќе проекти истовремено;
• Одлични интерперсонални и комуникациски вештини;
• Способност за работа самостојно и во групи.
Само кандидатите кои се во потесен избор и ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.