Графички дизајн

  • Објавен на 10.2019
  • Klever-Mk
  • Активен до 08.11.2019
  • Позиција: Програмер/Информатичар
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/3229-490
  • Facebook: klever.com.mk

Клевер-Мк го објавува следното слободно работно место:

Графички дизајнер – 1 (еден)

Потребни квалификации и вештини:

  • Работно искуство минимум 2 години на позиција графички дизајнер;
  • ВСС – пожелно е да има завршено Академија за дизајн или Ликовна академија 
  • Познавање на програмите за графички дизајн – Одлично владеење на Adobe Photoshop, Adobe Ilustrator, InDesign, CorelDraw. 
  • Познавање на процесот на печатење;
  • Одлично познавање англиски јазик;
  • Високоразвиени интерперсонални и маркетинг-вештини;
  • Креативност и иницијативност за самостојно истражување;
  • Максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти и почитување рокови.

 

Одговорности и задачи: 

  • Графички Дизајн и подготовка за печатење на промотивни материјали,
  • Комуникација со печатници, следење на процесот на изработка на материјалите, 
  • Графички решенија и подготовки за онлајн и офлајн медиуми, 
  • Комуникација со клиенти во врска со нивни потреби за дизајн и графички решенија,
  • Следење на нови технологии и трендови во креативната индустрија,
  • Работа со дигитална машина за печатење на промотивен материјал.

 

Способности и професионални вештини: 

  • Креативен пристап во исполнувањето на задачите,
  • Висок степен на одговорност, целосна посветеност на работата, комуникативност, тимска работа, професионалност,
  • Флексибилност и подготвеност за работа со кратки рокови. 

 

Писмото за мотивација, кратката биографија со фотографија, сопственото портфолио, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават на следната електронска пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: „За оглас – графички дизајнер“

При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.

Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек. Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »