Пост-дипломски стипендии за академската година 2017/18

За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Алма - М ДООЕЛ:

Финансов менаџер

Оглас за Пост-дипломски стипендии за академската година 2017/18
 

Алма-М е компанија која бележи традиција на поддршка на младите луѓе кои покажале одлични резултати за време на своето студирање. За таа цел компанијата има платформа посветена на младите и интелигентни поединци и има за цел да ја поддржи иницијативата во општеството на градење на капацитети и вработување на таленти во согласност со тековните и идните потреби на компанијата.

За стипендија на Алма-М сите академски одлични студенти со минимум просек над 8,5 се квалификувани да аплицираат.
Успешните кандидати ќе имаат можност да го користат своето образование во развојот на процесите во компанијата, ќе имаат можност практично да го согледаат и применат своето образование и ќе имаат можност да добијат постојана работа во една успешна и динамична компанија.

Целта на компанијата е преку овој процес да ги детектира способните и интелигентни луѓе, да ги следи и им помогне на патот на нивното професионално усовршување и да создаде најсоодветни кадри за потребите на компанијата на секое хиерархиско ниво во компанијата.

Соодветно на тоа, успешните кандидати, како услов за доделување на стипендијата, ќе бидат обврзани да потпишат правно обврзувачки договор со компанијата, во кои тие се обврзуваат:

  • Во периодот на студирање избраните студенти да имаат практикантска работа,
  • По завршување на испитите од пост-дипломските студии да се вработат во компанијата за период еднаков на периодот за кој е доделена стипендијата со статус на вработен во компанијата на определено време, доколку компанијата одлучи да ги ангажира,
  • Ако избраниот студент одлучи да ги раскине студиите / вработувањето или не успеат да ги завршат студиите, вкупниот износ на примената стипендија ќе мора да го врати на компанијата.

 

Сите кандидати кои ќе аплицираат и ќе ги исполнуваат критериумите за стипендија, ќе бидат повикани на интервју во компанијата.


Времетраење
Стипендијата која ја доделува компанијата е возможна за максимум две календарски години.

Критериуми
Кандидатите треба да:

  • имаат постигнато високо образование (минимум просечна оценка е 8,5),
  • аплицираат и обезбедат место на пост-дипломските студии на Универзитетот во било која област на студии или област која ќе ја договорат со компанијата (за стипендиите можат да аплицираат и студенти кои се веќе запишани на пост-дипломски студии),
  • имаат познавање на англиски и македонски јазик.

ги извршуваат своите студии и да бидат вклучени во процесите на компанијата, како практиканти;

  • склучат правно обврзувачки договор со компанијата,
  • се согласат на враќање на целосната вредност на стипендијата кон компанијата доколку:
    • се откаже од студиите пред завршување на испитите од пост-дипломски студии;
    • се откаже од праксата пред завршување на испитите од пост-дипломски студии;
    • во првата академска година, просекот од положените испити му падне под просек од 8,5, студентот нема право на стипендија за втората академска година, а исплатената стипендија е согласен да и ја врати на компанијата.


Потребни документи
Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Писмо на интерес во кое ќе ја наведат областа на студии и нивните идни професионални планови,
  • Копија од важечка лична карта или патна исправа,
  • Кратко CV.

 

Потребните документи за аплицирање за стипендија, потребно е да се пратат на:

[најави се за да го видиш е-маилот]

со задолжително наведување СТИПЕНДИЈА како предмет (Subject) на маил комуникацијата.

За повеќе информации, заинтересираните кандидати може да се обратат на телефонскиот број:

+389 70 402 375

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »