Стручен соработник

За компанијата: ФАРМАХЕМ е приватна компанија со над дваесетипетгодишно искуство во областа на трговија со лабораториска опрема и еколошки консалтинг.    Главната дејност на ФАРМАХЕМ е продажба на лабораториски инструменти... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

 

 

OГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

 

Фармахем ДООЕЛ - Скопје има потреба од:

Стручен соработник за продажба на високо софистицирана опрема за тестирање цемент, бетон, агрегати, асфалти, геомеханички испитувања, како и опрема за мерење на квалитет на воздух, квалитет на вода, бучава, емисии.

 

 

Барања за позицијата:

 

  • Завршено високо образование: Градежен факултет или Машински факултет;
  • Одлично познавање на работа со компјутер (Microsoft Office и Internet);
  • Одлично познавање англиски јазик (пишување и зборување);
  • Познавања од областа и работно искуство во иста или сродна област минимум 3 години;
  • Самоинцијативност, способност за извршување повеќе работни задачи истовремено, приспособување на нови и различни задачи, тимска работа, комуникативност;
  • Поседување Б возачка дозвола.

 

Нудиме:

  • атрактивна и динамична работа;
  • контакт со најсовремени технологии од светски реномирани фирми во областа;
  • посета на обуки, семинари, саеми и други можности за надградба на професионален план;
  • одлични услови за работа. 

Позицијата е со седиште во Скопје.

Работно време од 08:00–16:00 h (понеделник–петок)

Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ја Вашата биографија на  [најави се за да го видиш е-маилот]  најдоцна до 23.07.2018. 

Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју и проверка на знаењата.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »