Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.
Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
Објавува
ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА
ЗА ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ
Цементарница УСЈЕ, како компанија чија стратешка оптределба е поддршка на заедницата преку придонес кон развој во сите области, објавува ПРОГРАМА ЗА ПЛАТЕНА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА СО ЦЕЛ ПОТТИКНУВАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА МЛАДИ ТАЛЕНТИ.
Цементарница УСЈЕ во склоп на Групацијата ТИТАН го потпиша Пактот за поддршка на младите на Европската унија (“Pact for Youth”), за зајакнување на партнерството помеѓу компаниите и образовaнието, а во насока на зголемување на можностите за вработување на младите талентирани луѓе.
Како дел од Програмата, Цементарница УСЈЕ објавува оглас за платена ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА за машински или електро инженери, технолози, хемиски инженери, економисти, правници или бизнис администрација, машински и електро техничари.
Други квалификации:
- Одлично пoзнавање на Microsoft Officе апликациите и одлично познавање на англиски јазик се сметаат за предност.
- Кандидатите треба да бидат без работно искуство или работно искуство до 1 година.
Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
- Мотивациско писмо
- Биографија (CV)
- Доказ за образование (уверение за дипломирање или за положени испити)
Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Програмата за практикантска работа трае определено време до 3 (три) месеци со можност за продолжување до 1 (една) година
Учесниците во Програмата ќе добијат Потврда за обученост во соодветната област од Цементарница Усје и ќе бидат земени предвид при идни вработувања.
Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје
http://usje.com.mk
каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.
Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.