
Перутнина Птуј ДООЕЛ Скопје, членка на групацијата Перутнина Птуј ДОО Словенија, лидер во регионот за производство на месо и производи од месо од живина, има потреба од вработување на
Трејд маркетинг специјалист
Отворени позиции: 1
Локација: Скопје
Клучни одговорности и работни задачи:
- Изработка на месечни дигитал планови за објава на социјалните медиуми (Facebook, Instagram) како и нивно постирање – во координација со централата;
- Следење на пазарот и подготовка на идеи за дополнување на постојните и креирање на нови маркетиншки пристапи;
- Помагање во процесот на управување со стоковните групи;
- Соработка со менаџерите за клучните купувачи при подготовката на предлози за акциски продажби;
- Координација на маркетиншките активности кај клучните купувачи;
- Спроведување на планирани и договорени маркетиншко-продажни активности кај одделен купувач (подготовка на ПОС материјали, ПОП материјали, промотивни настани, трговски огласи, и сл.);
- Планирање и координирање на промоции и дегустации;
- Надзор и анализа на успешноста на спроведувањето на промоциите и промотивните настани на продажните места и други манифестации;
- Управување со промотивните материјали (планирање, набавка, управување со залихи).
Потребни квалификации:
- Високо образование од областа на маркетингот;
- Работно искуство од најмалку 2 години на иста позиција, пожелно во FMCG индустријата;
- Искуство во работата со маркетинг буџети;
- Одлично познавање на MS Office, особено на Excel и PowerPoint;
- Одлично познавање на е-маркетингот и социјалните мрежи Facebook и Instagram;
- Активно користење на српски и англиски јазик;
- Возачка дозвола од Б категорија.
Профил на кандидатот:
- Креативен, способен за самостојно решавање на проблеми, и ориентиран кон резултати;
- Самоорганизиран, исполнителен и самоиницијативен;
- Поседува одлични комуникациски вештини, и подготвен е за работа во тим;
- Има желба и способност за учење и развивање, и способен е за работа со рокови;
- Има изразено чувство за лична одговорност, совесност и самомотивираност.
Компанијата Ви нуди:
- Работа во реномирана странска компанија, со традиција која трае повеќе од 115 години;
- Пријателска и стимулативна работна атмосфера, во млад и докажан тим;
- Пазарни и стабилни приходи, и можност за напредување;
- Одлични можности за континуиран личен и професионален раст и развој;
- Исполнување на сите законски обврски на работодавачот;
- Работно време од 08:00 до 16:00, од понеделник до петок.
Доколку сакате предизвици, и имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да ги испратите Вашата професионална биографија и мотивациско писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “Трејд маркетинг специјалист” во насловот на пораката. Огласот е отворен 15 дена од датумот на објавување.
Напомена:
Апликациите без приложени документи (биографија и мотивациско писмо) нема да бидат разгледувани. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Со самото аплицирање кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во апликацијата да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од Перутнина Птуј ДООЕЛ Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.
Слични огласи »