Продажен асистент - Скопје

Плата од 20.000 ден.

За компанијата: Obuca Metro е најголемиот hard seller на Балканот за обувки, застапен во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и во Македонија со преку 120 малопродажни објекти. Obuca Metro Македонија е застапенa... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како PDF)

Бидете дел од најдобриот тим

Obuca Metro е најголемиот hard seller на Балканот за обувки, застапен во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и во Македонија со преку 120 малопродажни објекти. Obuca Metro Македонија е застапенa со 4 малопродажни објекти во Скопје и Штип и наскоро во Куманово. Obuca Metro Македонија има потреба од  професионални, комуникативни и креативни луѓе кои сакаат да бидат дел од нашиот тим.

Со таа цел објавуваме оглас за вработување на работно место продажен асистент за Скопје.

Потребни квалификации и знаења:

  • Образование:ССС/ВСС
  • Работно искуство:пожелно работно искуство на иста или слична позиција, но не и задолжително
  • Познавање на продажни техники
  • Пожелно познавање на англиски јазик – A1 ниво
  • Работа со компјутери: познавање на MS office пакет

Обврски и одговорности на позицијата:

  • Продажба и услуга на купувачи
  • Прием и изложување на роба
  • Истакнување на цени
  • Одржување хигиена во продажниот објект
  • Примена на стандардите и процедурите за работа од работодавачот
  • Грижа за имиџот на фирмата

Личен профил:

  • Комуникативност и убедливост
  • Харизматичност
  • Способност за работа под притисок
  • Мотивација за работа во тим

Нудиме:

  • Фиксна плата плус бонуси
  • Исплата на прекувремена работа
  • Исплата на регрес за годишен одмор К-15
  • Полно работно време - 40 часа
  • Професионален и пријателски тим
  • Стимулативно работно опкружување

Сите кандидати кои се заинтересирани ги покануваме да пратат CV и мотивационо писмо најкасно до 31 март 2023 на  [најави се за да го видиш е-маилот]   со назнака “Вработување”.
Апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »