Станете дел од групата на Codognotto

За компанијата:

Групацијата Codognotto се грижи за интегрирано логистичко управување , патен транспорт и услуги за морски/воздушен транспорт за водечки компании ширум светот.

повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Почитувани добар ден,

Ве известувам дека во Скопје од пред повеке од една година се отвори италијанско преставништво на "Codognotto Group" кое има работа за камиони низ цела Европа и постигнува одлични резултати. Работиме за познати клиенти низ Европа како Samsung, Elektrolux, Indesit, Ikea, Mital Steel, Nestle, Geox, Volkswagen, Iveco, Fiat, Barilla и уште многу други европски брендови за кои сме задолжени да ја дистрибуираме робата.
Имаме преку 500 наши камиони и преку 2000 надворешни соработници со кои го вршиме транспортот. Имаме преку 1300 сопствени приколки со кои ги опслужуваме нашите соработници, нормлано работиме и со транспортни фирми кои имаат и свои приколки.
- обезбедуваме работа, 24 часа сме достапни и се грижиме за камионот кој го водиме по наши налози, резултатите се одличнии, и со еден нормален возач сe прават без проблем преку 11.000км, (доколку возачот е професионалец и многу повеќе )
- плаќањето го вршиме навремено, a за обезбедување на работата и водењето на камионите не наплаќаме.
- ги пресметуваме и плаќаме сите празни и полни километри по цена како полни кои ќе ги помине камионот.
- сите километри ги пресметуваме по googlemaps а не по некој наши внатрешни системи и со секој налог ви ја доставуваме во прилог рутата како сме ја пресметале.
- секогаш сме флексибилни и за секоја замерка имаме разирање и можност за корекција.
- многу често дозволуваме во зависност од нашата соработка, вашите камиони да бидат паркирани во нашите паркинзи во Северна Италија под видео надзор каде не наплакме доколку правите пауза или менувате возачи.

90% од работата ни е роба со еден утовар и еден истовар, долги налози со по 1500/2000км во еден правец со нормална роба, многу често и со мала тежина каде се прават одлични резултати и возачите не се нервозни. Со таков начин на работа камионите трошат помалку, и возачите се задоволни .

Доколку сте заинтересирани околу нашата работа може да не побарате и да закажеме средба во нашето преставништво во Скопје.

Ви посакувам убав работен ден!

лице за контакт :
Генерален менаџер за Македонија и Бугарија
Бојан Спироски
+38978262921
[најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »