Бебел Тојс Лтд Дооел лого

Асистент Маркетинг и Мерџендајзинг

(преземи го огласот како слика)

ОГЛАС за МАРКЕТИНГ И МЕРЧЕНДАЈЗИНГ АСИСТЕНТ (Assistant Buyer)

За Бебел:

Bebel Fashion е млада компанија која се занимава со малопродажба на женска модна облека. За кратко време успеавме да станеме препознатлив бренд на македонскиот пазар и да направиме една од поголемите мрежи на бутици во Скопје. Моментално имаме 5 продавници во Скопје, со план во наредната година да се прошири нашата продажна мрежа и во други градови во Македонија.

Како Маркетинг и Мерчендајзинг Асистент (Assistant Buyer), ќе имаш можност да работиш во млада брзорастечка компанија. Твојата кариера ќе расте како што растеме и ние.

Работни обврски:

- Помагање во изготвување и имплементирање на маркетинг стратегијата на компанијата;

- Организирање на промотивни кампањи и сликање на нова колекција;

- Одржување на FB и другите профили на компанијата;

- Организирање на визуелниот мерчендајзинг во малопродажните објекти;

- Изготвување на извештаи за материјалните продажби со цел анализирање и оптимизирање на продажбите и предвидување на трендовите;

- Организирање на попусти во продажните објекти;

- Менаџирање на залихата во продажните објекти;

- Одржување на блиски релации, комуницирање на плановите и продуктите со продажниот персонал во продажните објекти;

Потребни квалификации, знаења и вештини:

- Завршено високо образование по Маркетинг Менаџмент, Моден Дизајн или соодветно искуство во дадената област

- Аналитички способности и познавање на основните финансиски и маркетиншки поими

- Познавање на пазарот на модната женска облека

- Добри организациски и ораторски вештини

- Основно познавање на Microsoft Word и Excel

Апликации и CV испратете по меил на следнава адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »