SMART SOLUTIONS: ИНЖЕНЕР ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА НА ИТ СИСТЕМИ

Smart Solutions, информатичка компанија од Скопје, партнер на водечките фирми во областа на информатичките технологии (Dell, Hewlett Packard, Adobe, Symantec, Cisco, Corel, Microsoft, VMware, Citrix, Autodesk и уште многу други), специјализирана за имплементација и поддршка на комплетни информатички решенија, има потреба од пополнување на следната работна позиција: Инженер за техничка поддршка на ИТ системи.

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

  • Висока стручна подготовка- ФИНКИ (Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство) со или без работно искуство
  • Возачка дозвола (Б категорија)
  • Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик- пишуван и говорен
  • Познавање и искуство во администрирање на различни Оперативни системи ќе се смета за предност
  • Познавање на компјутерски мрежи и компјутерска мрежна опрема ќе се смета за предност.
  • Дополнителни обуки и усовршување ќе се сметаат за предност
  • Комуникативност, организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност
  • Заинтересираните кандидати треба да испратат пријава со фотографија, кратка биографија на македонски и англиски јазик и копија од документите коишто го потврдуваат исполнувањето на горенаведените услови на

e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]  или по пошта на следнава адреса:

Smart Solutions

ул. Октомвриска револуција бр. 4-3/1

1000 Скопје

 

Почетната плата ќе биде соодветна на завршеното образование, досегашното работно искуство и завршените дополнителни обуки.

Огласот трае 30 дена од денот на објавувањето.

Повеќе информации за компанијата може да прочитате на: www.smartsolutions.com.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »