Персонал за козметички салон

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

За вработување во нова и ексклузивна компанија која се наоѓа во строгиот Центар на Скопје и се занимава со козметички услуги и услуги за убавина, во потрага сме по:

 

Генерален менаџер на салон (канцеларија)

Менаџер за маркетинг (теренска работа)

Козметичарки

Фризерки

Масерки

Техничар за нега на нокти - Маникир/педикир

 

 

БАРАМЕ:

 

  • Пожелно е завршено високо образование во областа за која аплицирате -  Генерален менаџер на салон (канцеларија) и Менаџер за маркетинг (теренска работа)
  • За останатите позиции доволно е поседување на соодветен сертификат или стручно образование во областа за која аплицирате
  • Претходно работно искуство
  • Комуникативни, ведри, енергични, насмеани и лојални личности кои имаат афинитет кон тимска работа и поседуваат способност за задржување на клиентите и стекнување нови клиенти кои би ги користеле услугите на ексклузивната компанија

 

 

НУДИМЕ:

  • Полно работно време од 8 работни часови на ден или 40 часа неделно
  • Договор на определено работно време на почеток, но сите позиции се предвидени за неопределено работно време
  • Одлични и ексклузивни услови за работа
  • Солидна и мотивирачка почетна плата во ранг од 400€ до 800€ зависно од позицијата
  • Бонуси за ефикасно и одговорно работење

 

 

Кандидати кои ги исполнуваат горенаведените квалификации треба да достават своја биографија и да наведат во електронската пошта за која позиција аплицираат.

Апликацијата на која не е наведно работното место нема да се земе во предвид.

Селекцијата на кандидати се извршува по истекот на огласот. Доколку бидат доставени над 120 биографии, селекцијата се врши и до 120 денови.

Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата датабаза со можност за повикување на идни соодветни огласи.

Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата за која аплицирате.

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »