Менаџер за Kонтрола на квалитет- QC

За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со... повеќе за компанијата »

МЕНАЏЕР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ- QC

 Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови: 

  • Факултетска диплома по фармација и Специјализација за испитување и контрола на лекови.
  • Не помалку од 5 години директно искуство во областа на контрола на квалитет / развој на лекови / центри за стабилност.
  • Детално разбирање на процедури за контрола на квалитет и релевантни регулаторни стандарди.
  • Детално разбирање на регулаторни барања за движење на контролирани / неконтролирани производи помеѓу различни глобални јурисдикции.
  • Одлична способност за користење на алатки и техники за статистичка анализа за проценка на рок на траење на производ и услови за чување.
  • Одлично техничко знаење за развој на производи, глобални регулаторни барања.
  • Одлично познавање на барања за тестирање на стабилност на нови лековити супстанции и производи.
  • Одлично познавање и искуство во контрола и производство на лекови.
  • Опширно искуство во спроведување и одржување на системи и програми за управување со квалитет. (GMP, ISO900, ISO17025).

Одговорности и работни задачи:

  • Целосно управува со одделот за контрола на квалитет (QC).
  • Креира и управува со програми и постапки на одделот за QC за сите нови и постоечки производи.
  • Спроведува подобрувања на програмата за стабилност, одговорен за проценка на влијанието на промените во целокупната програма за стабилност.
  • Управува и контролира тимови за развој на производи во развојот на спецификации на производ и подобрувања на аналитички методи.
  • Учествува во подготовката на регулаторните поднесоци.
  • Потврдува дека научните податоци кои ги поддржуваат поднесоците ги следат домашните и меѓународните регулативи и сите релевантни насоки и политики.
  • Навремено одговара на барањата на регулаторните институции.
  • Го управува и контролира спроведувањето на постапките за усогласеност со GMP.
  • Развој и валидација на аналитички методи за контрола на производи.

 

Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:

  • Организираност и ефикасност;
  • Способност за тимска работа;
  • Способност да работи под притисок, да донесува доверливи одлуки и да биде решителен-на;
  • Работа со дадени рокови;
  • Следење на интерните правила и процедури;
  • Самоиницијативност и самокритичност;

Дополнителни информации:

     Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »