- Објавен на 12.2018
- ЕНЕА ДОО
- Активен до 01.01.2019
- Позиција: Персонал во продавница/Касиер
- Локација: Тетово
(преземи го огласот во Word)
ЕНЕА Д.О.О - една од најбрзорастечките компании за продажба и дистрибуција во FMCG индустријата постојано работи на градење на квалитетен и успешен тим на професионалци. Работејќи со висококвалитетни и конкурентни производи за широка потрошувачка, ЕНЕА Д.О.О создава успешна приказна и континуирано им овозможува избор и квалитет на купувачите.
Поради проширување на својот тим на професионалци, ЕНЕА Д.О.О има потреба од вработување на искусен, амбициозен и посветен на работата кандидат/ка за следнава позиција:
КОМЕРЦИЈАЛИСТ
(2 позиции)
Обврски и одговорности:
- Посета на купувачи во определен реон, следење на продажбата по количини и брендови,
- Се грижи за продажбата и наплатата, прави порачки со коминтентите и се грижи за нивното реализирање од страна на возачите.
- Доставување на порачки до коминтент.
- Ја спроведува статегијата за развој на определен пазар и го следи пазарот и дава предлози за проширувања, се грижи за реализација на планот за продажба
- Прави сегментирана (по дејност, по објекти, по потрошувачка на видови производи, по возраст итн) „ карта „ на својот терен
- Во соработка со кординаторот и претпоставените се планира развојот на определена територија,отстранување на проблеми ,одредување на приоритети итн.
- Прибира и доставува информаци за работата на конкуренцијата, потрошувачите, движењата на пазарот
- Се грижи за спроведување на маркетиншките активности превземени со определени кампањи,
- Се грижи за позиционираноста како и изгледот и состојбата на рекламните материјали во објектите.
Потребни квалификации:
- Завршено најмалку средно образование, високо образование ќе се смета за предност
- Задолжително претходно работно искуство во иста или слична позиција (ХоРеКа дистрибуција)
- Вештини во продажба
- Возачка дозвола Б- категорија
Личен профил
- Одлични комуникациски, презентациски и убедителни вештини
- Способност за преговарање
- Лојалност, иницијативност
- Способност за тимска работа
- Претставителнос и позитивен став
- Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
- Ориентираност кон клиенти
- Флексибилност за работа на терен
ЕНЕА Д.О.О нуди пријатна работна атмосфера, можности за напредок, надградување на месечни бонуси и награди во зависност од постигнување на таргетите.
Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да испратат своја професионална биографија (CV) на: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака “Комерцијалист”.
Слични огласи »