Фасилити Менаџмент Сервицес дооел - Скопје, компанија која на своите клиенти им нуди интегриран систем на услуги од областа на управување на недвижнини и нивно одржување од секаков вид.
Поради проширување на дејноста Фасилити Менаџмент Сервицес објавува оглас за вработување на позиција за:
МАРКЕТИНГ И ПРОДАЖБА
Задачи и одговорности
- Водење на маркетинг активностите на компанијата
- Развој на маркетинг стратегија во согласност со компаниските цели
- Координација на маркетинг и продажни активности
- Планирање и имплементација на промотивни кампањи
- Следење и известување на ефективноста од маркетинг комуникациите
- Поготовка на деловни понуди
- Блиска соработка со маркетинг и PR агенции
- Генерирање и аквизиција на нови клиенти
- Усна и писмена кореспонденција со клиенти
- Грижа за корпоративните клиенти
- Градење и одржување на професионален однос со клиентите
- Развој и одржување на продажната мрежа
- Изработка на агенда и извештај за дневните активности
- Извршување на дополнителни активности согласно потребите на компанијата
- Изразени организациски, комуникациски и презентациски вештини
- Ориентираност кон остварување резултати
- Професионалност, одговорност и лојалност
Квалификации
- ВСС - Економски факултет
- Фокусираност на резултати
- Аналитичка способност
- Добри комуникациски и организациски способности
- Задолжително познавање на Англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office
- Мотивираност за работа во динамична средина
- Претходно работно искуство во продажба ке се смета за предност
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака на работното место за кое аплицирате.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!