Електротехничар

За компанијата: Продажба на електро напојувања, агрегати за струја, непрекинати наопојувања - УПСи, стационарни акомулатори-батерии. повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

За нас

ГПОВЕР Инженеринг Дооел е компанија со основна дејност продажба, монтажа и одржување на системи за непрекинато и резервно напојување со електрична енергија (УПС, агрегат, батериски банки, исправувачи и слично).

Седиште на компанијата е на адреса “Разловечко Востание бр 26”, Карпош 4, Скопје

ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР

Работни задачи

  • Монтажа, сервис и одржување на системи за напојување
  • Изведба на електрични инсталации во склоп на системи за напојување
  • Изведба на напојни ормари
  • Сервис и одржување на електрични инсталации на деловни објекти
  • Интервентно сервисирање на повик
  • Набавка на материјали за работа
  • Изготвување работни налози во писмена и електронска форма

Следниве квалификации се задолжителни

  • ССС образование
  • Валидна возачка дозвола за категорија Б
  • Англиски јазик (основно пишување и зборување)
  • Солидно владеење на MS office
  • Капациет за стекнување нови знаења и вештини
  • Работно искуство со отклонување на дефекти и испитување на електрични инсталации
  • Искуство со изведба на електрични инсталации

Следниве квалификации ќе се сметаат за предност

  • ССС образование од електротехничка насока или сродна област
  • Електротехнички факултет
  • Работно искуство во соодветната област
  • Работно искуство од областа на автоматика
  • Работно искуство од областа на енергетика
  • Читање електрични шеми
  • Шемирање електрични ормари
  • Проектирање на електрични инсталации

Бенефити

  • Флексибилно работно време
  • Поделба на работа 50% - 50%  канцеларија-терен
  • Работно време од понеделник до петок  - 40 часа неделно или по договор (помалку)
  • Релаксирана и пријателска култура
  • Обуки и тренинзи во фабриките со кои соработува компанијата во странство
  • Можност за слободен ден по потреба и без образложение
  • Плата, придонеси, регрес, годишен бонус, одмор според законска регулатива
  • Службено возило на користење 24/7
  • Нето плата од 40,000 до 50,000 денари, во зависнот од нивото на кандидатот

Заинтересираните можат да испратат резиме / CV на следна емаил адреса [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »