Помошник сметководител

(преземи го огласот во Word)

 

ПОМОШНИК СМЕТКОВОДИТЕЛ

-     Отворена работна позиција -

ЦСИ КОНСАЛТИНГ СЕРВИСИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ е компанија кај датира од 2015 година и во која може да се обезбедат економски и правни потреби.

Нашата цел е понудиме стручност во полето на сметководствени, финансиски и правни услуги се со цел нашите клиенти да ги  исполнат законските обврски,одговорности и потреби обезбедувајќи детален приказ на резултатите кои секојдневно ги остваруваат.

На своите клиенти и деловни соработници им се обезбедува и гарантира висококвалитетна услуга, професионална доверба и дискреција како и контролирање, отстранување или намалување на економски ризици кој негативно би влијаеле на развојот на нивниот бизнис.

Согласно зголемениот обем на работа и потребите на секојдневното работење, ЦСИ КОНСАЛТИНГ СЕРВИСИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ го проширува својот тим за Финансии и отвара нова работна позиција ПОМОШНИК СМЕТКОВОДИТЕЛ.

Базични информации

  • Времетраење на договорот: 6 месеци (со можност за продолжување)
  • Официјален старт на работната позиција: (по договор во најбрз можен рок)
  • Работно време: 8 часа/дневно (5 дена во неделата; Понеделник до петок)

Потребни квалификации

  • Завршено високо образование (Економски Факултет)
  • Линценца за сметководител издадена од Институт за сметководители и овластени сметководители ќе се смета за предност
  • Минимум 1 години работно искуство во сектор сметководство
  • Претходно работно искуство со ЗОНЕЛ/ПАНТЕОН ќе се смета за предност
  • Напредно познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери
  • Добро познавање на англиски јазик
  • Способност за справување со повеќе приоритетни активности
  • Внимание на детали и структуиран начин на размислување
  • Самоиницијативност и способност за работење без постојан надзор
  • Експедитивност, трудољубивост, точност, работа со рокови

Работни задачи

  • Евиденција и обработка на влезна и излезна сметководствена документација
  • Подготвување и реализирање на ДДВ пријави
  • Пресметка на плати
  • Координација со надворешни финансиски институции
  • Спроведување на сите сметководствени финансиски книжења
  • Усогласување на материјална, финансова и оперативна евиденција
  • Изработка на финансиски извештаи
  • Составување и изготвување на завршни пресметки
  • Следење и имплементирање на измени согласно законската регулатива
  • Други задачи во согласност со позицијата и по барање на работодавачот

Потребна документација за аплицирање:

  • Ваша професионална биографија (CV на македонски јазик)

Финален временски рок за поднесување на апликацијата

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »