Конкурс за проектен координатор

Дали сте динамични, активни, сакате работа во тим и работа на проекти? 
Ако одговорот е ДА, тогаш сигурно пријавете се на Конкурсот за проектен координатор. 

Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид, Скопје распишува конкурс за ангажирање на ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР.

Клучни работни обврски на позицијата се:

- Да ги координира и организира активностите од проектот.
- Да подготвува наративни и финансиски извештаи
- Да одржува постојана комуникација и соработка со надворешните соработници
- Да одржува комуникација со целните групи
- Да одржува документација, дата база и архивирање
- Да ги одржува социјалните медиуми и комуникациските алатки за обезбедување видливост на проекти
- Организација на работилници и тренинзи
- Да обезбедува логистичка поддршка за настаните кои треба да се организираат
- Евалуација и мониторирање на предвидените активности
- Помагање при подготовка на релевантните документи за проекти
- Подготовка на листи на учесници, фотографирање, комуникација со надворешни учесници

Кандидатите треба да ги имаат следниве квалификации: 

– Високо образование;
– Работно искуство со проекти финансирани од меѓународни донатори во рамки на граѓанска организација или фондација и тоа најмалку 2 години
– Одлични познавања на Microsoft Office апликации (Word, Excel, Outlook, Powerpoint);
– Одлично познавање на англиски јазик, усна и писмена комуникација
– Одлични организациски вештини

Секој заинтересиран треба да поднесе:

1. Кратка биографија;
2. Писмо за мотивација
3. Препорака;

Вашите документи потребно е да ги испратите на следната електронска адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]  најдоцна до 20.09.2019 година до 17:00 часот со наслов „Апликација за Проектен координатор“.

Само кандидатите/ките кои ги исполнуват критериумите ќе бидат повикани на интервју.

Со почит,

Институт за економски стратегии и меѓународни односи Охрид, Скопје

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »