МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР

STSS – Smart Traffic Safety Systems е стартап компанија која се занимава со паметни иновативни решенија за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Нашата компанија е создадена од група на луѓе кои сакаат предизвици и се пасионирано посветени на подобрување на околината.

Оригиналност, квалитет, посветеност на деталите, мултидисципинарност... тоа е она што ја дефинира нашата работа. Ние цениме искреност, посветеност кон работата, инженерски пристап, желба да се истражува, учи и да се поместуваат границите.

 

Во моментот имаме потреба од проширување на нашиот тим. Нашиот идеален кандидат е некој кој:

  • Е креативен, мрази рутинска работа, и секогаш бара начин да ги подобри работите
  • Има широк спектар на интереси и секогаш сака предизвици и да учи нови работи
  • Има методичен инженерски пристап кон работата
  • Знае да се фокусира на големата слика, но истовремено да ги решава тековните проблеми
  • Е спремен на соработка, но може да работи и самостојно
  • Ентузијаст, енергичен и позитивна личност

 

Потребни вештини:

  • Изработка на 3D модели и симулација (AUTOCAD, SOLIDWORKS…)
  • Изработка на работилнички цртежи
  • Анализа на зададени проблеми и изготвување на предлог решенија по однос на истите

 

Потребни квалификации:

  • Дипломиран Машински инженер (како предност ќе се смета смер Мехатроника)
  • Солидно познавање на програми за 3D моделирање и симулација (SOLIDWORKS, AUTOCAD...)

 

Работното искуство е предност, но не е пресудно.

Доколку сте заинтересирани, сметате дека ги исполнувате наведените услови и верувате дека ќе можете да одговорите на предизвиците, испратете го Вашето CV на следнава e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »