Оператор во финансии

За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Алма - М ДООЕЛ:

Сервисер на фрижидери

Ние во Алма-М веќе 30 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

Алма – М ДООЕЛ

Качанички пат бр.65а, Скопје

www.alma-m.mk

е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

објавува ОГЛАС за следнaтa работнa позициja:

ОПЕРАТОР ВО ФИНАНСИИ

Датум на објава:

18 Октомври 2021

Рок за пријавување до

25 Октомври 2021

Број на оглас:

О-211018-АД-АО

Сектор:

Администрација

Локација:

СКОПЈЕ

Работни задачи:

  • книжење на влезни ф-ри/контирање,
  • изготвување на секаков вид финансиска документација,
  • контрола на даночно работење и подготовка на даночни пријави,
  • подготовка на финансиски анализи согласно репортингот на секторот до Менаџментот,
  • подготовка на завршни сметки,
  • подготовка на извештаи до НБРМ.

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено средно образование,
  • Одлична комуникација,
  • Професионално однесување,
  • Организиран/а и аналитичен/а,
  • Мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Позитивен однос кон промени,
  • Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),
  • Пожелно е поседување возачка дозвола Б – категорија, но не е задолжително,
  • Пожелно е познавање на англиски јазик.

Потребно искуство:

  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност.

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности),  со можност за продолжување.
  • САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот од понеделник до петок.
  • Паричниот износ на основната нето плата за огласеното работно место ќе зависи од квалификациите и искуството на кандидатот.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Ве молиме без телефонски јавувања

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »