АГЕНТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ

  • Објавен на 10.2019
  • Propety One 2
  • Активен до 05.11.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Веб: propertyone.mk

(преземи го огласот како слика)

АГЕНТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ 

 

Бараме квалификуван агент за недвижности кој ќе биде одговорен за изнајмување и продажба на имоти за нашата деловна активност. Агентот ќе има задача да ја развива нашата база на клиенти преку генерирање на нови клиенти, советување на клиентите за условите на пазарот и развој на конкурентни пазарни понуди. Агентот исто така ќе бидете одговорен за пронаоѓање на нови недвижности и презентирање на разни понуди за купување, изнајмување, продажба до заинтересираните клиенти.

 

За да бидете успешни во оваа професија, пожелно е да имате добро искуство во продажбата и преговорите со клиенти, како и да сте комуникативна и позитивна личност.

 

Одговорности на агентот за недвижности:

 

Пронаоѓање и водење на клиенти за купување, продажба или изнајмување на имоти.

Советување на клиентите за условите на пазарот, цените и хипотеките.

Советување за конкурентните пазарни цени споредувајќи ги цените на пазарот.

Огласување на имоти за продажба, изнајмување или купување со информации за локацијата, карактеристики, податоци, слики, итн.

Покажување и презентирање на недвижностите на потенцијалните купувачи и изнајмувачи.

Водење на преговори помеѓу купувачите и продавачите.

Прегледување на секаков вид на договори, договори за лојалност, договори за продажба, договори за изнајмување, договори за соработка и други документи за секоја трансакција со недвижности.

Идеи за промовирање на услугите на агенцијата.

Посета на курсеви и обуки за збогатување на знаењето и понатамошно усовршување.

 

Идеални кандидати за агенти за недвижности се:

 

Пожелно е искуство со продажба и изнајмување на имоти.

Возачка дозвола Б категорија е задолжително.

Познавање на англиски јазик е задолжително.

Комуникативна, љубезна и ведра личност.

Динамична личност со желба за професионален успех.

Добро познавање на пазарот на недвижности и на градот.

Способност за индивидуална и тимска работа.

Познавање на компјутерско работење.

Желба за напредок во работата и учење на нови вештини и техники за потребите на својата професија.

 

Сите заинтересирани, Вашата биографија може да ни ја пратите на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »