За компанијата: „Синцеритас“ АД Скопје е фармацевтска компанија чиј фокус на работење е култивирањето и производството на канабис за медицинска намена. Работните практики и политики во нашата компанија се усогласени со...
повеќе за компанијата »МИКРОБИОЛОГ
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
- Диплома за додипломски студии, или напредна диплома по микробиологија или сродна дисциплина;
- 1 година работно искуство во микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет, пожелно во стерилни простории за испитување;
- Одлично познавање на применливите методи за тестирање на биофармацевтски производи;
- Искуство за работа со различни микробиолошки техники и инструменти ќе се смета за предност
- Одлично познавање на процесите за контрола на квалитет, GMP, и микробиолошките методи за валидација;
- Добро познавање на пишан и зборуван англиски јазик;
- Познавање на Microsoft Office пакетот.
Одговорности и работни задачи:
- Имплеметирање, контрола и техничко надгледување на микробиолошките методи во Одделот за Контрола на квалитет;
- Изведба на различни микробиолошки тестирања и анализи;
- Воспоставување кориснички барања за купување и квалификација на опремата и работа со внатрешни и надворешни ресурси за нејзино одржување во оптимална состојба;
- Развивање, ревидирање и прегледување на процедурите за стандардизација на процесите, квалификација/валидација на протоколи и извештаи;
- Спроведување истражувања во однос на резултатите од спецификациите, адресирање и менаџирање на девијациите поврзани со микро-процедурите;
- Прибирање мерни податоци за употреба при постојано подобрување на одговорностите;
- Прегледување на лабораториски податоци;
- Прави прием на материјали, го контролира квалитетот и води евиденција за залихите и рокот на траење.
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Способност за самостојна и тимска работа со научен и технички персонал
- Способност да работи под минимален надзор и можност за флексибилност кон обемот на работа врз основа на промена на приоритети
- Самомотивиран, ориентиран кон детали и спремен да прифати дополнителни одговорности
- Способност за критичко размислување и поседување вештини за решавање проблеми.
- Одлични интерперсонални, вербални и писмени комуникациски вештини.
Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Останати огласи »