Copy&Content writer

За компанијата: Division е маркетинг агенција со целосни услуги основана во 2001 година. Нашиот тим е поврзан со страст да им помага на клиентите да постигнат извонредни резултати користејќи интегрирани маркетинг стратегии... повеќе за компанијата »

Маркетинг агенцијата Дивисион го проширува својот тим и е во потрага по COPY&CONTENT WRITER

Опис на работно место:

  • Маестрално жонглирање со зборови. Бескрајна инспирација и креативност за пренесување на приказните на нашите клиенти до соодветната публика
  • Пишување на содржини за социјалните медиуми на нашите клиенти
  • Учество во подготовка и изработка на годишни стратегии за маркетинг активностите на клиентите, за потребите на компанијата и/или некој од брендовите со кои истата работи за сите канали на комуникација
  • Учество во маркетинг кампањи, вклучувајќи предлагање концепти, нивна експликација , како и соработка за таскови помеѓу интерните тимови (Креатива, Продукција, Акаунти)
  • Координација со тимот за дигитални медиуми за следење на активностите на социјалните платформи
  • Пишување на текстови за веб страна, newsletters, покани, ПР текстови и комуникација со портали
  • Пишување на радио реклами и текстови за ВО за видео реклами

Потребни вештини:

  • Одлични комуникациски вештини и пишувачки способности
  • Одлично познавање на македонски литературен јазик и правопис и одлично познавање на англиски јазик
  • Одлични организациски вештини и раководење со време
  • Тимски играч
  • Способност за работа со рокови и повеќе истовремени активности
  • Одлично познавање на Microsoft Office пакет / iWork
  • Одлично познавање на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, LinkedIn и Google, како и трендовите за комуникација на тие мрежи

Потребно е претходно работно искуство на оваа работна позиција, пожелно минимум 2 години

Што нудиме:

  • Работа во динамична средина со современи технологии
  • Работа во тим со поддршка и менторство од поискусни колеги
  • Простор за учење и напредок во областа на маркетингот и дигиталните медиуми

Сите заинтересирани кандидати може да испратат свое CV на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »