
Работно место: Агент за продажба во луксузен Салон за Здрав Сон
Компанија: I Dream Concept (официјален застапник на Magniflex)
Локација: Скопје, Центар
Работно време:
Прва смена: пон-пет: 10:00 – 16:30 и сабота од 09:00 – 16:30
Втора смена: по-пет: 12:00-20:00
недела и празници се неработни денови.
Опис на работата:
Бараме високомотивиран и искусен агент за продажба кој ќе стане дел од нашиот стручен тим во нашиот изложбен салон за Здрав Сон – Magniflex. Вработеното лице ќе помине обука и курс за спиење, при што ќе се стекне со едукација за здравиот сон и ќе стане сертифициран експерт за спиење. Како сертифициран експерт за спиење, ќе бидете одговорни за нашите клиенити, ќе одговорите на нивните прашања, ќе ги едуцирате и ќе дадете соодветна и стручна препорака за нашите производи, ќе им овозможите единствено и незаборавно шопинг искуство полно со новитети и едукација.
Одговорности:
- Константна обука и едукација за нашите производи, едукација за здравиот сон и за нови технологии поврзани со спиењето
- Поздравување на клиентите кога ќе влезат во нашиот салон и посакување на топло добредојде
- Комуникација со клиентите, разбирање на нивните потреби и давање стручна препорака за соодветниот продукт за нив
- Едукација на клиентите за карактеристиките и придобивките на нашите производи
- Исполнување и надминување на таргетите за продажба
- Оддржување на салонот организиран и чист
- Обезбедување на висококвалитетна услуга за клиентите
- Спроведување на продажбата до крај
- Дополнително контактирање на клиентите за споделување на нивното искуство со нашиот производ
Потребни квалификации:
- Искуство во продажба, продажба во изложбен салон или друга малопродажна средина, или работа во која има комуникација со луѓе
- Одлични комуникациски и меѓучовечки вештини
- Способност за самостојна работа и работа во тимска средина
- Способност за извршување на повеќе задачи од еднаш, и работа со повеќе клиенти од еднаш
- Флексибилност за работа втора смена до 20:00ч и секоја втора сабота до 16:30ч
Нудиме:
- Компетитивна плата + месечен процент од продажба
- Можност за истакнување на својата креативност
- Можност за брз напредок
- Работа во две смени 10:00-16:30 и 12:00-20:00
- Две работни саботи во месецот, недели и празници се неработни денови
- Пријатна работна атмосфера со млад тим полн со иновативни идеи
- Константна едукација и зголемување на вашето знаење
Ако сте високо мотивирана личност, водена од резултати, со страст за продажба и комуникација со луѓе, личност која сака да се унапредува и да расте заедно со растењето на фирмата, ве охрабруваме да аплицирате на оваа работна позиција. Ве молиме испратете го вашето CV и вашето мотивационо писмо на [најави се за да го видиш е-маилот]