За компанијата: ВАРУС ДООЕЛ од Скопје е едно од првите приватни друштва за промет на големо со лекови, хемикали, реагенси, лабараториски потрошен материјал, опрема и медицински помагала, основано во 1990 година, со цел да ги задоволи барањата на потрошувачите.
повеќе за компанијата »Референт за набавки и планирање за производство
Потребни квалификации- ВСС, одлично познавање на англиски јазик, компјутерски вештини (добро познавање на WORD и Excel), добри комуникациски вештини и способност за работа во тим.
Опис на работните задачи:
- Прима барања за набавки за потребите на производство и ги спроведува за нивна реализација
- Учествува во изработка на месечен план за производство
- Следи залихи на готов производ, амбалажа и балк
- Учествува во креирање на план за набавка на суровини и амбалажа од домашни и странски добавувачи
- Ги спроведува нарачки произлезени од претходно дефинирани планови
- Следи рокови на траење на готов производ и предлага акции во случај на кратки рокови
- Учествува при изработка на увозни калкулации
- Изработува и испраќа барања за понуди од добавувачи за суровини, амбалажа и потрошен материјал.
- Врши евалуација на добиените понуди
- Обезбедува понуди за транспорт и го организира истиот при увоз
- Подготвува и обезбедува документација потребна за увоз (одобренија / решенија за увоз, извоз и решенија за транспорт)
- Ги испраќа извештаите за температурниот преглед при транспорт на суровини до оговорното лице за контрола на квалитет и превзема мерки согласно насоките добиени од одговорното лице
- Проверка на влезни фактури од добавувачи за реализирани набавки и нивно доставување до архива
- Контактира со странските добавувачи во делот на испораката, го дефинира и организира увозот на добрата од странски добавувачи (амбалажа, суровини и примероци)
- Контактира со шпедиција за работи врзани за увоз / извоз
- Ја контролира листата на добавувачи и предлага нејзина измена
Слични огласи »