Сметководител

  • Објавен пред еден месец
  • Limidi
  • Активен до 11.08.2021
  • Позиција: Економист/сметководител/ревизор
  • Локација: Скопје

Лимиди ДОО е друштво за вршење на услуги од доменот на сметководство, даноци и консалтинг.

Причините за нашиот успех се компетентност и интеграција во работење на сите сегменти и активности, квалитетна дистрибутивна и сервисна мрежа, професионално обезбедени услуги кон клиентите и воведување на иновации во сите сегменти на работењето.

За потребите на целокупното унапредување на нашата фирма, имаме потреба од

Сметководител – почетна нето плата 25,000 ден. со можност за унапредување

Ова работно место ги опфаќа следните работни обврски:

  • Книжење и контрола на сите финансиски и материјални трансакции со познавање на работа поврзана со царински магацин
  • Активно учество во изработката на финансиски, сметководствени и даночни извештаи за надлежните институции
  • Изработка на плати, вршење плаќања и други административни работи за нашите клиенти

Од кандидатот очекуваме: 

  • Напредно познавање на програмите од МS Office пакетот, особено Excel
  • Познавање на програмата за сметководство ЗОНЕЛ
  • Предност имаат тие што поседуваат уверение за или овластен сметководител
  • Минимум 5 години работно искуство
  • Проактивност во работењето и фокус на резултати
  • Активно познавање и следење на новите законски прописи и сметководствени страндарди
  • Развиени комуникациски вештини, совесно работење и професионализам
  • Адаптабилност и можност за работа во тим

Доколку имате желба да се приклучите на нашиот тим, доставете ни го Вашето CV и мотивационо писмо на долунаведениот мејл:

[email protected]

Кандидатите е потребно да аплицираат ИСКЛУЧИВО преку е-маил адресата за аплицирање погоре наведена. Сите останати начини на аплицирање ќе се сметаат како невалидни.