ПРОГРАМЕР

За компанијата: Од 1994 година ДУНА е водечка команија присутна во бизнис секојдневието во Македонија. Со канцеларии и во Албанија и Србија. Со успешни проекти и во Косово. Посветено работиме на нашата мисија која започна... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Дуна е компанија која веќе трета деценија неуморно работи во три држави, Македонија, Албанија и Србија и креира решенија кои будат интерес на светските пазари. Дуна е ветер во едрата на бизнисот, а нејзините вработени се оние кои го движат тој ветер напред во нови успеси. Овој септември Дуна ќе ги отвори вратите за нови луѓе кои со своите идеи, работа, посветеност и енергија ќе стане дел од таа движечка сила.  Бараме динамични, лојални, енергични и вредни луѓе кои имаат желба постојано да учат, создаваат и нивниот просперитет го гледаат како дел од  адреналинската приказната во Дуна за работна позиција ПРОГРАМЕР.

ПРОГРАМЕРОТ во ДУНА работи како дел од динамичен тим. Tим кој заедно плови низ многу предизвици и победи. Обезбедени му се врвни услови за работа и има можност за постојан личен и професионален развој и напредок.

Бараме:

  • Динамична и позитивна личност,
  • Да поседувате деловна етика и лојалност,
  • Да сте спремни за успеси,
  • Да умеете да работите во тим,
  • Да почитувате рокови и процедури,
  • Да сте спремни за лична и корпоративна континуирана надградба,
  • Да имате диплома од високообразова институција или последна година на истата (препорака: ФИНКИ и ФЕИТ)
  • Да познавате дел или сите од следните компетенции: .NET, C#, SQL, HTML5, JS, CSS3, ASP.NET MVC
  • Предност е поседување на валиден/ни Microsoft сертификат/и
  • Предност е поседување на валиден/ни сертификат/и од стекнати од неформално образование
  • Да познавате англиски јазик

Одговорност:

Програмерот е одговорен за развој, модификација и инсталација на софтвер

Вашите апликации ги очекуваме на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака Програмер.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »