Виљушкарист

За компанијата: Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »

Новомак е еден од најголемите дистибутери во Македонија на репроматеријали за изработка на мебел.

Новомак претставува функционалност и креативност, доверливост и развој, само со една цел да им биде на услуга на нашите клиенти, бидејќи услугата, брзата испорака на нарачките, сервисот и задоволството на коминтентите е приоритетна цел на Новомак. Со цел да одговориме на потребите на пазарот, односно да го задоволиме растечките потреби на нашите коминтенти и брзата динамика на работењето, Новомак константно работи на зголемување на својот асортиман на производи, услугата, сервисот и логистичкиот центар.

Во моментов имаме потреба од проширување на својот тим, на позиција:

МАГАЦИОНЕР - ВИЉУШКАРИСТ

Одговорности и задачи:

  • Задолжен за комплетна организација за прием, пренос и издавање на роба
  • Изработка на потребна документација

Потребни квалификации:

  • Минимум средно образование 
  • Најмалку 2 години работно искуство со возење виљушкар
  • Лиценца за работа со виљушкар

Профил на личност:

  • Организираност и одговорност
  • Самоиницијативност и енергичност
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со законот на РМ. Вработувањето е на неопределено време.

Своето CV со слика доставете го на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака "Магационер - Виљушкарист"

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »