Референт за плаќања и управување со swift

За компанијата: Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал. повеќе за компанијата »

Активни огласи од Силк Роуд Банка АД Скопје:

Референт за ризик

(преземи го огласот во Word)

Оглас за вработување
на Референт за плаќања во Служба за плаќања и кредитна администрација

во Силк Роуд Банка АД Скопје

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува РЕФЕРЕНТ ЗА ПЛАЌАЊА (Референт за плаќања и управување со SWIFT) во Служба за плаќања и кредитна администрација.   

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски:

  • Креирање и одржување сертификати за обезбедување комуникација со SWIFTNet
  • Тестирања, проверка, ажурирање и проследување на пораки според SWIFT стандарди
  • Декодирање пораки и автентикација на потпис
  • Административни активности за одржување на SWIFT сервисот
  • Девизни плаќања, приливи и поврзани работни задачи

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Универзитетско образование од областа на економија, финансии, банкарство
  • Напредно познавање на MS Office
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Способност за работа во тим

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивациско писмо на македонски јазик може да ги достават на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за “Референт за плаќања и управување со SWIFT во Служба за плаќања и кредитна администрацијанајдоцна до 24.01.2022 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »