Инженер за дизајн и конструкција

За компанијата: ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

 

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: ИНЖЕНЕР ЗА ДИЗАЈН И КОНСТРУКЦИЈА

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Изработка на 3D модели;
  • Изработка и работа со склопови;
  • Изработка на работилнички цртежи;
  • Анализа на зададени проблеми и изготвување на предлог решенија по однос на истите.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС – факултет од областа на техничките науки, пожелно Машински Факултет или Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер;
  • Солидно познавање на CAD софтверски алатки. Предност ќе имаат апликантите со искуство во работа со PRO ENGINEER или CREO;
  • Познавање на работа со пресметка по метод на конечни елементи (FEA);
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Напредно познавање на MS Office;
  • Предност ќе имаат апликантите со искуство во автомобилска индустрија;
  • Работа со плочест материјал.

ШТО НУДИМЕ:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на https://www.vanhool.com/mk, во делот “Кариери”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »