Виш експерт

Избор на еден (1) виш експерт за обезбедување поддршка на меѓународниот експерт за Проценка на потребите за подготовка на наставни програми за управување со јавните финансии

1. Историјат на Проектот

Проектот на УСАИД/Северна Македонија за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите е петгодишен проект (започнат во јануари 2021 година) што работи со локалните власти на Северна Македонија за цели на мерливо зголемување на општинските сопствени ресурси и надворешни средства и зголемување на нивната стапка на извршување на буџетот во согласност со барањата за буџетирање и известување на Владата на Северна Македонија (ВСМ). Проектот работи со локалните самоуправи, ВСМ и клучните чинители со цел:  1) подобрување на квалитетот на системите за наплата на општинските даноци и такси; 2) зголемување на општинскиот капацитет за пристап до надворешни ресурси од владата, меѓународни организации, пазари на капитал и банки; 3) подобрување на способноста на општините да планираат, управуваат и спроведуваат приходи од јавниот сектор во согласност со прописите на Владата на Северна Македонија; 4) унапредување на процесот на децентрализација.

Вишиот експерт ќе му обезбедува поддршка на меѓународниот експерт во рамките на:

Компонента 3: Зголемување на стапката за извршување на општинските буџети

–           Активност 3.4.1: Истражување на можностите кај локалните универзитети/даватели на обуки за воспоставување/ажурирање на наставни програми за буџетирање врз основа на управувањето со јавните финансии (УЈФ) на ЕУ/САД.

2. Цел и опфат на ангажманот

Проектот работи со потенцијални образовни организации со цел да се воспостават или да се ажурираат наставните програми за буџетирање. Во тек е дискусија во однос на можностите за соработка со различни чинители во рамките на оваа активност.

Целта на овој ангжаман е да му се обезбеди поддршка на меѓународниот експерт којшто е ангажиран да направи проценка на потребите во однос на потенцијалот за воспоставување/ажурирање на наставните програми за буџетирање врз основа на процесите за управување со јавните финансии на ЕУ и САД. 

За да обезбеди поддршка во реализацијата на горенаведените цели и резултати, експертот ќе ги спроведе следните задачи:

–           Ќе се запознае со резултатите од првата година на Проектот.

–           Ќе собира и ќе обезбедува информации за моменталната состојба со наставните програми за УЈФ во земјата достапни на албански јазик (видови даватели, број на постојни курсеви/наставни програми, содржина, цели на постојните курсеви итн.)  за да ги сподели со меѓународниот експерт,

–  Ќе го претставува, ќе закажува средби и ќе го придружува меѓународниот експерт на состаноци со клучните чинители (даватели на обуки, министерства, локални власти, донатори, универзитети, други релевантни чинители).

– Ќе го поддржува меѓународниот експерт во изготвувањето на конечниот документ за проценка на потребите со вклучени препораки.

3. Резултати

  • Краток извештај за моменталната состојба на наставните програми за УЈФ во земјата,
  • Распоред на состаноци со клучните чинители,
  • Конечен писмен документ за проценка на потребите со вклучени препораки.

Експертот ќе има обврска за известување до Раководителката на Компонента 3 на Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите и ќе ги доставува резултатите како што ќе се подготвуваат.

Резултатите треба да бидат на англиски јазик, а консултантот треба да биде достапен за да одговори на првиот круг коментари и последниот круг на барање за промени во писмениот документ.

Ангажманот на консултантот ќе го поддржи исполнувањето на следните индикатори:

–  Број на обучени/менторирани вработени на општините.

4. Период на извршување на активностите

Ангажманот ќе се реализира во периодот мај – јули 2022 година. 

Целокупниот ангажман на консултантот ќе вклучува 5 дена:

Резултат 1 – 1 ден

Резултат 2 – 1 ден

Резултат 3 – 3 дена

5. Критериуми и квалификации

– Академски квалификации:

  • Универзитетска диплома во соодветната област (јавни политики, економија, право, управување со јавни финансии, итн.). Магистерска диплома или докторат ќе се сметаат за предност.

Професионално искуство:

  • Најмалку десет (10) години професионално искуство во областа на јавните политики и локалните самоуправи.
  • Искуство во спроведување анализи и истражувања.

– Јазик:

  • Одлично познавање (усно и писмено) на македонскиот и англискиот јазик.
  • Познавањето на албанскиот јазик ќе се смета за предност.

– Други критериуми:

  • Докажана способност за работа со густ распоред и завршување на услугите во утврдената временска рамка;
  • Јавните службеници не се подобни за учество.

Интелектуална сопственост: Сите дела создадени во рамките на овој ангажман, вклучувајќи креации, пронајдоци, идеи, дизајни, материјали со авторски права, трговски марки и друга технологија и права, ќе претставуваат дела создадени врз основа на авторски договор. На консултантот не му е дозволено да објавува ниту еден дел од резултатите.

Предвидено е само (индивидуални) консултанти да имаат право да аплицираат и да можат да добијат договор за извршување на активностите наведени во овој Повик.

6. Процедура за аплицирање

За да биде земен предвид, заинтересираниот кандидат треба да ги достави следните документи на англиски јазик:

– Пропратно писмо,

– Кратка биографија (CV) со 2 препораки,

– Предложена бруто дневница во УСД, вклучувајќи ги сите трошоци.  

Потребните документи треба да бидат испратени на следната адреса за електронска пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 23 мај 2022 година до 12:00 часот.

Нецелосните апликации нема да бидат земени предвид за оценување.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »