Специјалист за известување

За компанијата: Компанијата GLOBAL IMPACT влегува во секторот градежништво во 2015 година со финална цел да поттикне нов стил на живеење во урбаната средина по европски стандарди. Наша примарна дејност е изградба на станбени,... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 8.2018
  • Global Impact
  • Активен до 20.08.2018
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Скопје
  • Веб: www.globalimpact.mk

(преземи го огласот како PDF)

Компанијата GLOBAL IMPACT влегува во секторот градежништво во 2015 година со финална цел да поттикне нов стил на живеење во урбаната средина по европски стандарди. 

 

Наша примарна дејност е изградба на станбени, деловни и индустриски објекти, кои претставуваат синоним за квалитетна, сигурна и професионална градба.

 

Континуираното подобрување на квалитетот на градбите, следење на светските трендови во доменот на градежништвото и домувањето, примена на современи технологии и модели на градење се само дел од работите за кои секојдневно се залагаме.

 

Поради зголемениот интензитет на активности и потребите на секојдневното оперативно-административно работење, GLOBAL IMPACT го проширува својот тим за Финансии и отвара нова работна позиција Специјалист за известување со доленаведените спецификации.

 

Базични информации

▪ Времетраење на договорот: 3 месеци (со можност за продолжување)

▪ Официјален старт на работната позиција: 17ти Септември (понеделник), 2018 година

▪ Работно време: 8 часа/дневно (5 дена во неделата; Понеделник до петок)

 

Потребни квалификации

▪ Завршено високо образование (Економски Факултет)

▪ Претходно работно исксутво во градежниот сектор ќе се смета за предност.

▪ Минимум 3 години работно искуство во сектор за финансии

▪ Напредно познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери

▪ Добро познавање на англиски јазик

▪ Способност за справување со повеќе приоритетни активности

▪ Внимание на детали и структуиран начин на размислување

▪ Самоиницијативност и способност за работење без постојан надзор

▪ Експедитивност, трудољубивост, точност, работа со рокови

 

Работни задачи

▪ Извршување на редовни административни активности во доменот на финансии

▪ Подготвување на редовни и ад-хок извештаи за контрола и анализа за потребите на менаџментот и сите засегнати страни интерно во компанијата

▪ Подготвување на извештаи пропишани со законска регулатива

▪ Активно учество во изработка на бизнис планови и следење на нивната реализација

▪ Следење на финансиските перформанси на компанијата и анализа на работењето на компанијата

▪ Следење на парични текови и евидентирање на сметководствени промени

 

Потребна документација за аплицирање:

▪ Ваша професионална биографија (CV на македонски и англиски јазик)

▪ Мотивационо писмо (на македонски јазик)

 

Финален временски рок за поднесување на апликацијата

▪ Целосна апликација да се достави на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

▪ Временски рок за поднесување на апликацијата: 27ми Август (понеделник), 2018г.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »