Виљушкарист

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

Нашиот реномиран клиент ДБ Шенкер е глобален работодавач. Како транспортна и логистичка дивизија на Германските железници (Deutsche Bahn) тие организираат транспорт на стока и проекти во целиот свет, преку нивните 2000 локации во 130 земји. Во ДБ Шенкер, Вие сте дел од глобална логистичка мрежа која го поврзуа светот. Мрежа која Ви овозможува да ја обликувате Вашата кариера охрабрувајќи Ве да придонесувате и да направите промени. Вработените ги бираат врз основа на нивното искуство, перспективи, способности и вештини.

За потребите на неговото работење, потребен е:

ВИЉУШКАРИСТ

Опис на работни задачи:

  • Утовар, истовар, сортирање, палетизирање и складирање на стока
  • Оптимално организирање на просторот во магацинот
  • Управува со средства, алати и машини за внатрешен транспорт, товарење и истоварување по налог на магацинските администратори и претпоставените
  • Придржување до мерките за безбедност и здравје при работа и употреба на лична заштитна опрема
  • Придржување до упатствата за работа
  • Навремено известување на претпоставените за сите неправилности во функционирањето на уредите во магацинот и неправилности со стоката
  • Тимска работа и координација
  • Други задачи по налог на претпоставените
  • Одржување хигиена во магацинот

Бараме:

Вашиот профил:

  • Работно искуство како виљушкарист - минимум 2 години
  • Лиценца за управување со виљушкар
  • Завршено средно образование

Вашите способности:

  • тимски ориентирана личност
  • силна посветеност на работата
  • спремност за работа со рокови
  • самоиницијативност, исполнителност, лојалност, комуникативност
  • одговорност, организираност, чесност

Нашата понуда:

  • работа во глобална компанија, една од најуспешните во светот на транспорт и логистика        
  • фиксно работно време (понеделник-петок, 08-16 часот)
  • организиран превоз до/од работа
  • привлечна плата и бенефиции
  • можност за развој во рамки на компанијата

Заинтересирани сте? Со нетрпение ја очекуваме Вашата апликација. Ве замолуваме испратете ја Вашата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] и или аплицирајте директно на www.esi.mk .

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје
T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
  [најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »