BE-DA Logistik лого

Менаџер на продажба во логистика

За компанијата:

Be-Da Logistics е основана на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање меѓународен транспорт и логистика на стоки преку копнен, железнички, воздушен и поморски сообраќај.... повеќе за компанијата »

  • Објавен пред еден час
  • BE-DA Logistik
  • Активен до 09.07.2026
  • Позиција: Менаџер/Директор
  • Локација: Скопје
  • Веб: be-da.mk
  • Facebook: линк

Во БЕ-ДА Логистик веруваме дека растот доаѓа преку силни партнерства и квалитетна услуга. Поради проширување на клиентската мрежа, бараме Менаџер на продажба во логистика кој ќе развива нови бизнис можности и ќе гради долгорочни односи со клиенти. Ако си амбициозен, резултатски ориентиран и имаш страст за продажба во динамична индустрија што ги поврзува бизнисите низ Европа – ова е вистинската можност за тебе.

Кои сме ние?

БЕ-ДА Логистик е 15 години доверлива меѓународна логистичка и шпедитерска агенција која обезбедува сигурни и ефикасни транспортни решенија низ Балканот и Европа. Нашата мисија е едноставна, но јасна: Создаваме едно централно место каде клиентите ги добиваат сите логистички услуги – брзо, едноставно и ефикасно.

Што ќе биде твојата улога?

  • Пронаоѓање и привлекување нови клиенти 
  • Одржување и развој на постоечки клиенти
  • Презентација и продажба на логистички услуги 
  • Подготовка на понуди и преговарање за договори
  • Анализа на пазар и идентификација на нови можности 
  • Координација со оперативен тим за квалитетна испорака 
  • Следење на продажни цели и KPI

Што бараме?

  • Минимум 3 години работно искуство во продажба, по можност во логистика или транспорт 
  • Одлично познавање на англиски јазик (писмено и усно)
  • Искуство во B2B продажба и работа со клиенти
  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини
  • Високо ниво на проактивност и ориентираност кон резултати (KPI)
  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Добро познавање на MS Office (Excel, Word, Outlook)
  • Организираност и способност за работа под притисок и рокови 
  • Возачка дозвола Б категорија 

Одговорности и задачи

  • Стратешко планирање и селекција на нови клиенти, со фокус на долгорочна соработка
  • Закажување и одржување состаноци со клиенти, каде што продажбата започнува со добра комуникација
  • Презентација на услугите и подготовка на јасни и конкурентни понуди. 
  • Продажни стратегии и откривање нови бизнис можности
  • Остварување и следење на продажните цели 
  • Изготвување редовни извештаи за активности и постигнати резултати

Доколку си заинтересиран, испрати ја својата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака „Менаџер на продажба во логистика“.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »