Лице одговорно за регулатива

ФАРМАГЕН увоз-извоз ДООЕЛ има потреба од фармацевт за работна позиција регулатива (регистрација).

 

Потребни квалификации:

  • Образование: Магистер по фармација со валидна лиценца за работа. Предност ќе имаат кандидатите со 2 години работно искуство на иста или слична позиција.
  • Познавање на минимум странски јазик: англиски.
  • Програмски пакет: Microsoft Office, Adobe.
  • Поседување возачка дозвола тип Б (активен возач).
  • Познавања од областа на правото ќе се сметаат за предност.

 

Лицето ќе биде одговорно за:

  • Регистрација на лекови. Врши регистрација на нови лекови, ажурирање на документација на веќе регистрираните лекови, поднесува варијации, обнови и сите процеси поврзани со регулативата.
  • Следење и спроведување на системот на фармаковигиланца за сите регистрирани лекови. Ќе врши поднесување на PSUR-ови, поединечни извештаи и слично. Ќе врши постојано следење на несаканите дејства на регистрираните лекови.
  • Постојано следење на нови законски регулативи и измени на постојните закони на РМ што се однесуваат на лековите;
  • Исправноста и ажурираноста на документацијата на секој регистриран лек во правното лице;
  • Работење во електронскиот систем на Агенција за лекови во делот за регистрации како и во системот за фармаковигиланца.
  • Запишување во регистарот на медицински помагала. Следење на сите процеси поврзани со медицински помагала. Следење на систем на метериовигиланца.
  • Спроведување на постапки за регистрирање на додатоци на исхрана, следење на законската регулатива поврзана со Закон за безбедност на храна, следење на сите процеси поврзани со додатоците на исхрана.
  • Формирање единствени цени на лекови и следење на законско намалување на цените.
  • Секојдневна комуникација со лица одговорни за постапките кои се водат во Агенција за лекови и медицински средства и во Агенција за храна и ветеринарство.
  • Секојдневна комуникација со странските фирми во однос на споделување информации и документација за производите.

 

Дополнително, на барање на работодавецот, лицето ќе биде одговорно за:

  • Увоз, извоз, реекспорт на лекови.
  • Следење на залиха во магацин и  информирање на релевантни лица за начинот на чување на лековите согласно пропишаната документација.
  • Комерцијално работење кое вклучува изготвување фактури, испратници, повратници кон коминтенти.
  • Работење во софтвер за материјално и финансиско работење, во делот на шифрирање на производи, коминтенти, извештаи за продажба и материјални документи (фактури, испратници, повратници).
  • Логистика и организација на дистрибуција на производите кон коминтенти.
  • Активно учество во маркетинг настани.
  • Активно учество во попис.

 

Очекувани способности:

  • Насоченост кон резултати.
  • Мотивираност и желба за работа.
  • Ориентирани кон решавање на проблеми.
  • Способност за индивидуална и работа во тим.

 

Работен однос: полно работно време во траење од 40 (четириесет) часа неделно. плата над 25.000 во зависност од претходното работно искуство.

Работно време: од 08.00 до 16.00h, од понеделник до петок.

 

!!! Вашето CV испратете го на следната e-mail адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: Апликација за оглас за регулатива – ИМЕ И ПРЕЗИМЕ

!!! Само уредно испратените CV-ја ќе бидат земени во предвид.

!!! Апликациите без назнака нема да бидат разгледани.

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »