Графички дизајнер

За компанијата: Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. повеќе за компанијата »

Најголемиот принт центар во Македонија - Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.

Распишуваме оглас за работното место „Графички дизајнер“.

На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените лични карактеристики и потребни квалификации.

Работниот однос се заснова на определено време за период од 1 месец, со можност за продолжување на 3, 6 или 12 месеци или на неопределено време.

Лични карактерискити на кандидатот:

  • Комуникативност;
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
  • Флексибилност, проактивност и лојалност;
  • Желба за докажување и напредок;
  • Способност за самостојна и тимска работа.

Професионални знаења и способности

  • Познавање на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign и останати алатки
  • Познавање на англиски јазик
  • Активно познавање на глобалните трендови во креативната индустрија
  • Ефикасно управување со времето
  • Добри презентациски вештини
  • Одлично познавање на Word, Excel и Outlook

Опис на работно место:

  • Спроведување и контролирање на процесот од изработка на графички и визуелни решенија
  • Графички решенија и подготовка за печатење на различни материјали
  • Комуникација со клиенти во процесот на реализација на проектите

Нудиме:

  • Одлична работна атмосфера
  • Можност за постојан раст и развој

Предност ќе имаат кандидатите кои имаат претходно работно искуство.

Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим и кажете ни зошто вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го вашето CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со наслов: “за работна позиција припрес оператор”.

Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.

Веб сајт: 

www.print.mk

www.polyesterday.com.mk

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »