Медицински претставник Штип - Берово

За компанијата: Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови. Како една од најуспешните и најголемите компании кај нас, со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна... повеќе за компанијата »

Го прошируваме нашиот тим, охрабрете се и аплицирајте за отворената позиција: МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК - ШТИП - БЕРОВО

Потребни квалификации:

  • Високо образование
  • Работно искуство во промоција на фармацевтски производи
  • Пожелно е познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Windows и MS Office
  • Положен возачки испит Б категорија

 Потребни вештини и способности:

  • Поседување комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
  • Претприемачки дух, стручна компетентност
  • Организирана и одговорна личност
  • Професионален и љубезен однос кон клиентите
  • Позитивен став
  • Справување со работа под притисок, исполнување на таргети

Одговорности:

  • Посета на ПЗУ и ЈЗУ со цел промоција и презентација на фармацевтски производи
  • Градење на добри релации со клиентите и презентирање на компанијата Зегин и производите
  • Спроведување на предвидените маркетинг активности
  • Остварување на предвидениот план за продажба
  • Поднесување на извештаи за посетите на клиентите
  • Постојан професионален развој и стручно унапредување преку присуство на семинари

Што нудиме:

  • Стимулативна плата и бенефиции
  • За најдобрите вработени – наградно патување
  • Исплата на сите додатоци на плата
  • Најмалку 20 дена годишен одмор и регрес за годишен одмор
  • Иновативна работна средина и мотивирачка организациска култура
  • Службено возило за исполнување на работните задачи
  • Континуиран професионален развој преку учество на симпозиуми, конференции и обуки
  • Настани и активности за добросостојбата на вработените (Employees wellbeing)

Предност ќе имаат кандидатите коишто живеат во наведениот регион!

Доколку  сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областите наведени погоре, Ве молиме испратете биографија на македонски јазик со ознака Медицински претставник Штип – Берово на [најави се за да го видиш е-маилот]  

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »