М1 бренд менаџер

За компанијата: TОЛЛАКС ДОО Скопје, една од најуспешните малопродажни компании, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа, и Поло маркет, поради брз раст на компанијата и зголемен обем на... повеќе за компанијата »

М1 киоск БРЕНД МЕНАЏЕР

Толлакс доо Скопје има потреба од Бренд Менаџер на неопределено време.

Работните задачи на бренд менаџерот вклучуваат: организирање на целокупното работење и стратегија за развој на продажната мрежа М1 киоск, пронаоѓање на неговите слабости, подготовка на план и стратегија за развој на брендот М1 киоск, обезбедување на сите аспекти на продажба како и маркетинг активности, а со цел остварување на стратешките цели на компанијата, соработка со сите сектори во компанијата со цел остварување на поставените стратешки цели, следење на продажба, зголемување на продажба, лојалност кон сопствените марки, пронаоѓање на нови локации, максимизирање на сите можности за раст и развој на брендот, учество при формирање на буџет за маркетинг, креирање на маркетинг стратегија и соработка со маркетинг тмот, како и спроведување на истата во регионот, менаџирање и мотивирање на тимот.

Обука на вработените согласно нормите за работа на компанијата.

Искуство како бренд менаџер во продажна мрежа, искуство во комерција и особено маркетинг ќе се смета за предност.

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи.

Со праќањето на апликацијата за вработување, се согласувате вашите лични податоци да бидат користени за пополнување на слободните работни места во рамките на ТОЛЛАКС ДОО СКОПЈЕ , се додека не не контактирате за да ја повлечете вашата согласност. Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.

Доколку ваквиот работен ангажман е предизвик за Вас, испратете го вашето CV на 
e-meil: [најави се за да го видиш е-маилот]
 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »