Финансиско друштво ФИНМАК ДОО е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата:
Експерт за кредитирање во филијала Прилеп
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.
Позицијата вклучува:
· Навремена и ефикасна услуга за корисници вo подружница
· Пополнување на барања и аплицирање во име на корисници
· Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за услугите
· Анализа на ризик и одобрување на кредити
· Нудење можност за продолжување на рок за отплата
· Работа со готовина
· На оваа позиција вработениот одговара пред Регионален супервизор.
Профил на кандидат:
· Пожелно е релевантно искуство од најмалку 1 година
· Вештини за преговарање и убедување
· Одлични комуникациски и продажни вештини
· Внимание на детали и ориентираност кон резултати
· Флексибилност за работа од понеделник до сабота
· Можност за обука во Скопје во времетраење од една недели