Продажен асистент

За компанијата: Прима Оптика е основана во 1999 година. Денес, достапна на 5 локации во Скопје: Сити Мол, East Gate Mall, Беверли Хилс, ГТЦ и ТЦ. Лептокарија. Професионален тим и задоволни клиенти се наша примарна цел повеќе од 21 година. повеќе за компанијата »

Биди дел од продажниот тим на Прима Оптика. 

Потребни квалификации:

  • Искуство во малопродажба, предност искуство во продажба со луксузни производи
  • Вештини за продажба и интеракција со купувачи
  • Познавање на англиски јазик и основни познавање на Office
  • Подготвеност за тимска работа во смени
  • Организирана, одговорна, мотивирана и стабилна личност
  • Професионален пристап, посветеност и лојалност

Главни обврски и одговорности на позицијата:

  • Професионален пристап и комуникација со клиенти
  • Продажба на производите во продажното место
  • Грижа и одржување на работниот простор
  • Примена на поставените стандарди, процедури и правила за работа

Што нудиме:

  • Полно работно време 40 часа неделно
  • Професионална, комплетна и платена обука
  • Конкурентна почетна плата 24.000 ден за релевантно искуство во оптика (со плаќање на празнични дневници и работа во недела)
  • Бонуси во согласност со постигнатите резултати
  • Можност за професионален развој и надоградба

Предност ќе имаат кандидатите кои имаат стекнато стручно образование (оптометрија) и претходно работно искуство во оптика.

Ги повикуваме заинтересираните кандидати да ја испратат својата работна биографија со фотографија и назнака (За продажен асистент) на:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Само кандидатите кои ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »