Референт за плаќања во служба за плаќања и кредитна администрација

За компанијата: Банката е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна Банка АД Скопје. Од мај 2016 година, Банката работи под името Силк Роуд Банка АД Скопје и е единствена банка во Р. Македонија и регионот со 100% швајцарски капитал. повеќе за компанијата »

Активни огласи од Силк Роуд Банка АД Скопје:

Референт за ризик - Раководител на експозитура во Скопје

(преземи го огласот во Word)

Оглас за вработување на Референт за плаќања во Служба за плаќања и кредитна администрација

во Силк Роуд Банка АД Скопје

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува РЕФЕРЕНТ ЗА ПЛАЌАЊА (Референт за домашен платен промет) во Служба за плаќања и кредитна администрација.   

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните обврски:

  • Процесирање и плаќања согласно влезни/излезни налози
  • Вчитување, обработка и администрирање на фајлови за пензии и парични права
  • Вчитување и обработка на фајлови
  • Координира и следи соодветни активности на плаќања што се вршат во Мрежата на експозитури
  • Извршува и архивира сите примени извршни одлуки
  • Врши блокирање и деблокирање на трансакциски сметки согласно прописите

Избраниот кандидат треба да поседува:

  • Минимум диплома за завршено средно образование
  • Познавање на MS Office
  • Познавање на англиски јазик
  • Комуникациски вештини
  • Внимание на детали и иницијативност
  • Претходно банкарско искуство ќе се смета за предност

Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија и мотивационо писмо на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за “референт за плаќања”, најдоцна до 31.03.2023 година.

Ве молиме во Вашите апликации не доставувајте сензитивни податоци како националност, вероисповест како и детали за вашиот приватен живот.

Само кандидатите кои ќе бидат избрани во потесен избор ќе бидат контактирани заради спроведување на интервју или тестирање.

Сите апликации ќе имаат третман на строга доверливост. Со доставувањето на Вашата апликација ќе се смета дека се согласувате Банката да може да ги обработува Вашите лични податоци за потребите на процесот на вработување.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото до Офицерот за заштита на лични податоци на e-mail адресата   [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »