Флекс Кредит лого

Маркетинг менаџер

За компанијата: Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција, регистрирана од Министерство за финансии на република Северна Македонија под број 13-1659/2.Компанијата обезбедува брзи потрошувачки... повеќе за компанијата »

Флекс Кредит ДОО е дел од меѓународна финансиска група  која од 2013 година обединува компании специјализирани за кредитирање на потрошувачи во Источна и Јужна Европа. Во компанијата работат над 2.000 високо квалификуван кадар и соработници во над 250 филијали во пет европски земји – Македонија, Шпанија, Бугарија, Романија и Босна. Затоа се осмелуваме да се наречеме привлечен работодавач за сите кои се во потрага по нов предизвик.

Согласно брзиот раст на компанијата како и тековните потреби,  процеси и активности на Флекс Кредит на територијата на Северна Македонија, објавуваме оглас за работна позиција: 

 

МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР

 

Опис на работни задачи

  • Подготовка на маркетинг и комуникациски план за разни комуникациски канали, согласно дефинираните производи во продуктното портфолио и идентификуваните пазарни сегменти
  • Одговорен за надворешни комуникации преку различни канали (интернет, медиуми, радио, ТВ итн)
  • Одговорен за контакт со надворешните маркетинг соработници
  • Планирање на маректинг буџет - подготовка на годишни, месечни и неделни работни планови и маркетинг буџет
  • Мониторинг и контрола на правилна имплементација на маркетинг и медиа плановите, како и дистрибуцијата на буџетите
  • Одговорен е за целата надворешна комуникација/содржина да биде во согласност со политиките и стратегијата на компанијата
  • Развива и изработува маркетинг стратегии и идентификува барања за разни маркетинг канали и средства за комуникација како и соработка со секторот за човечки ресурси насочени кон градење и промовирање на бренд на посакуван работодавач
  • Одговорен за сите експозитури да бидат снабдени со промотивни материјали (визит карти, флаери, постери, пликоа, ознаки, билбори, банери и др.)
  • Подготовка на план за настани и обезбедување активности во согласност со планираниот буџет
  • Други работни задачи по налог на Трговски директор

 Основни квалификации и барања кои кандидатот треба да ги исполнува:

  • Работно искуство во маркетинг од најмалку 4 години
  • Високо образование –Маркетинг/Е-Бизнис менаџмент
  • Одлично познавање на Англиски јазик
  • Напредни компјутерски вештини, вклучувајќи MS Office и веб развојните алатки
  • Креативно размислување и познавање на актуелни маркетинг трендови и канали на комуникација
  • Енергична, одговорна, посветена и исполнителна личност, способна за работа во тим 
  • Вештини за комуникација и пишување

Ние нудиме:

  • Атрактивна плата
  • Можност за професионален развој
  • Дополнителни  обуки и тренинзи
  • Динамична атмосфера во брзорастечка компанија

Доколку имате желба да станете дел од тимот на Flex credit, Ве молиме испратете ни Ваша биографија на  [најави се за да го видиш е-маилот] или на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »