Друштво за услуги Консалтинг за стратешки развој ДОО распишува
ОГЛАС
за ангажирање на програмски и административен асистент за период од 12 месеци.
Консалтинг за стратешки развој е компанија воспоставена во 2007 година во Македонија која испорачува широка лепеза услуги со цел исполнување на нашата мисија - да се создадат услови за успешен демократски напредок на луѓето и заедниците.
Консалтингот работи во 3 главни области: добро управување и децентрализација, родова еднаквост и локален економски развој преку дизајнирање и спроведување проекти, оценка на програми и проекти и истражување и анализи.
Бараме асистент чија главна задача е извршување активности за поддршка на членовите на тимот во делот на програмското и администрaтивното работење на компанијата. Асистентот ќе биде задолжен за:
• комуникација со клиенти и закажување средби и информирање,
• поддршка во организирање и спроведување настани и средби (обуки, средби за вмрежување, работилници, конференции и сл.),
• одржување на вебсајтот и фејсбук страницата на компанијата,
• пишување документи и извештаи,
• собирање податоци и информации,
• набавки и други административни задачи.
Потребни квалификации:
- диплома за завршено високо образование;
- најмалку 2 години работно искуство во спроведување развојни проекти;
- одлична компјутерска писменост;
- одлично познавање на англискиот и македонскиот јазик;
- поседување комуникациски и вештини за тимско работење;
- флексибилност;
- способност за работа под притисок и со кратки рокови;
- важечка возачка дозвола.
Консалтинг за стратешки развој е посветен на развивање мултикултурна работна сила.
Заинтересираните за ова работно место се молат да испратат биографија и писмо за изразување интерес на англиски јазик по редовна или електронска пошта на следнава адреса:
Консалтинг за стратешки развој ДОО
ул. Аминта 3 бр.16-1/7
1000 Скопје
e-mail: contact@sdc.com.mk
најдоцна до 27 септември 2018.
Понудите добиени по електронска пошта по наведениот рок или со поштенски печат подоцна од 27 септември 2018 нема да бидат земени предвид.