За компанијата: Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани...
повеќе за компанијата »Како Групација, фокусирани сме на креирање на исклучително корисничко искуство за сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и вработените. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите, стекнати со долгогодишната традиција. Спремно се вклучуваме и ги поддржуваме решенијата на предизвиците на денешницата, со кои што како општество се соочуваме и градиме кооперативна и агилна култура, со посебен акцент на континуиран развој, надградба и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила.
Нудиме динамична работа, во индустрија, која што во светски рамки забрзано се развива во технолошка смисла и нуди одлични предизвици и потенцијал. Ќе работите во интернационална околина, со можност за континуиран личен и стручен развој, постојано стручно усовршување преку учество на специјализирани курсеви за надградување на знаењето и споделување на добри пракси во рамки на групацијата. Ќе имате можност за работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења, како и континуирана соработка на проекти во интернационална околина.
Работното место е со флексибилно работно време и можност за хибриден модел на работа.
ОДГОВОРНОСТИ НА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Анализа на барања на корисниците за промена на апликативното решение, соработка во дефинирање на барањата за промена и соработка во тестирање и имплементација на промените;
- Координација на барањата, следење на реализацијата на програмските модули за кои е задолжен;
- Соработка во развој на технологии на работа и креирање на технолошки процеси и процедури со цел автоматизација на процесите и адекватни апликативни програмски решенија;
- Советување и поддршка на корисниците за развој и користење на програмски решенија;
- Подготовка на техничка и корисничка документација за работа на апликативната програмска опрема;
- Изработка на упатства и извештаи од подрачјето на работа;
- Соработка во проектни и работни групи за имплементација на проекти во Друштвото и на ниво на Групација Триглав.
МЕСТО НА РАБОТА:
Седиштето на Друштвото во Скопје
БАРАЊА ЗА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Високо образование од информатичка или друга соодветнa насока.
- Напредно познавање и искуство во работа со (C#, SQL, JSON, JavaScript);
- Познавање на технологии за web и мобилни апликации;
Природата на работното место и на работните задачи подразбира работа во интернационален тим, како и самоиницијативност, проактивност, прецизност, желба за континуирано надградување и развој.
Доколку сте заинтересирани за предметната работна позиција, може да аплицирате преку линкот во прилог:
http://triglav.force.com/pdm/OJP_ExtViewOJPSLO?k=6mz&id=a0NTX000004p6FZ
Слични огласи »