За компанијата: Компанијата Пурпласт се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик и работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот. Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, Пурпласт произведува пластични компоненти за компании кои произведуваат автобуси и камиони.
повеќе за компанијата »Опис на работата:
- Евиденција и обработка на влезна и излезна сметководствена документација;
- Подготвување и реалзирање на ДДВ пријави;
- Пресметка на плати;
- Изработка и контрола на пописни листи на основни средства,
- Книжење на фактури од купувачи, добавувачи, трошоци, опрема и инвестиции, амортизација
- Спроведување на сите сметководствени финансиски книжења;
- Усогласување на материјална, финансова и оперативна евиденција;
- Изработка на финансиски извештаи;
- Подготовка на извештаи за завршна пресметка;
- Следење и имплементирање на измени согласно законската регулатива;
- Други задачи во согласност со позицијата и по барање на работодавачот
Потребни квалификации
- Високо образование – Економски факултет
- Претходно работно искуство од минимум 5 години
- Одлично познавање на Англиски Јазик, познавање на Турски јазик ќе се смета за предност
- Искуство во работа со Пантеон (Pantheon) ќе се смета за предност
- Одлично познавање на работа со компјутери (МS Office)
- Возачка дозвола: Б категорија
- Барани лични особини и вештини: Уредност, темелност, доверливост и подготвеност за тимска работа.
Што нудиме:
- Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ;
- Обезбеден превоз до работното место и назад;
- Обезбедена исхрана во современа кантина;
Работно време од Понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот.
Доколку сте заинтересирани аплицирајте на [најави се за да го видиш е-маилот]
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати.
Компанијата Пурпласт се наоѓа во ТИРЗ Скопје 2 - Бунарџик и работи во автомобилската индустрија, а своите производи ги извезува во 36 земји во светот. Во индустрискиот капацитет во ТИРЗ Скопје 2, Пурпласт произведува пластични компоненти за компании кои произведуваат автобуси и камиони.