Специјалист за вклучување на приватниот сектор

Консалтинг за стратешки развој (КСР), во рамките на „Проектот на УСАИД  за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“, објавува

 

Повик за

Специјалист за вклучување на приватниот сектор - нето плата: 33.000,00 денари     

(+ придонеси) за цело или скратено работно време во зависност од искуството на кандидатот

 

 

  1. Историјат на Проектот

Проектот на УСАИД Северна Македонија за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите е петгодишен договор (што трае до јануари 2026 година) што работи со локалните власти на Северна Македонија за цели на мерливо зголемување на општинските сопствени ресурси и надворешни средства и зголемување на нивната стапка на извршување на буџетот во согласност со барањата за буџетирање и известување на Владата на Северна Македонија. Проектот работи со локалните самоуправи, Владата и клучните чинители со цел:  1) подобрување на квалитетот на системите за наплата на општинските даноци и такси; 2) зголемување на општинскиот капацитет за пристап до надворешни ресурси од владата, меѓународни организации, пазари на капитал и банки; 3) подобрување на способноста на општините да планираат, управуваат и реализираат јавни приходи во согласност со прописите на Владата на Северна Македонија; 4) унапредување на процесот на децентрализација.

 

  1. Предмет на ангажманот

Специјалистот за вклучување на приватниот сектор ќе им обезбедува поддршка на единиците на локална самоуправа (ЕЛС) да воспостават активен локален дијалог меѓу јавниот и приватниот сектор и да ја зајакнат соработката со бизнис секторот. Во рамките на Проектот, тој/таа ќе работи на поттикнување партнерства помеѓу приватниот сектор, општините и локалните заедници, на мобилизирање ресурси и на создавање поволна средина за локалните бизниси.

Специјалистот ќе даде придонес во однос на развојот на активностите за имплементација на процесите во рамките на проектот. Тој/таа ќе биде одговорен/-на за редовна комуникација со проектните партнери.

Како дел од одговорностите, Специјалистот ќе ги преземе, но не е ограничен на, следните должности:

 

  • Помагање на избраните ЕЛС да воспостават активен локален дијалог меѓу јавниот и приватниот сектор (редовни состаноци на градоначалникот со бизнис заедницата, советодавниот одбор, деловниот совет итн.).
  • Обезбедување техничка помош на ЕЛС при воспоставувањето административни иницијативи коишто се транспарентни и отворени за бизнис секторот.
  • Поддршка на ЕЛС за обезбедување информации и услуги за деловна поддршка на бизнисите.
  • Воспоставување и одржување цврсти врски со партнерските општини, идентификување иновативни пристапи за пренесување на знаење и искуство на јавната администрација, како и за размена на информации, менторство и учење од колеги.
  • Подготовка на потребните проектни документи (извештаи, писма, барања, проектни задачи, итн.), координирање на активностите за градење капацитети, одржување контакт

со проектните партнери, реализирање теренски посети за следење на активностите на ЕЛС и општи настани во рамките на проектот.

 

Договорот за позицијата Специјалист за вклучување на приватниот сектор ќе го склучи Консалтинг за стратешки развој и тој ќе биде дел од канцеларијата на Проектот во Скопје.

 

  1. Потребни квалификации

- Академски квалификации:

• Универзитетска диплома во соодветната област (економија, бизнис администрација, управување со финансии, право, социјални/развојни студии, јавна администрација, менаџмент итн.).

 

-Професионално искуство:

  • Најмалку три (3) години професионално искуство во соработка со ЕЛС на прашања поврзани со локален економски развој.
  • Познавање на процесот на воспоставување услуги за деловна поддршка во рамките на ЕЛС.
  • Практично разбирање на процесот на воспоставување локални тела за дијалог меѓу приватниот и јавниот сектор.
  • Искуство во менторство и обука на работното место.
  • Познавање на работата на општините во рамките на секторите за локален економски развој (ЛЕР).

 

- Јазик:

• Одлично познавање (писмено и усно) на македонскиот и англискиот јазик.

 

- Други критериуми:

•Одлични вештини за управување со времето и способност за истовремена работа на повеќе задачи и приоритизирање на работата.

• Деталност во работата и вештини за решавање проблеми.

•Презентациски вештини.

•Напредни вештини за користење на MS Office.

• Искуство со работа во мултиетничка, мултисекторска и мултикултурна средина.

 

4. Процедура за аплицирање

За да биде земен предвид, заинтересираниот кандидат/-ка треба да ги достави следните документи:

- Пропратно писмо,

- Кратка биографија (CV)

(и двата документи на англиски јазик)

 

Потребните документи треба да бидат испратени на следната адреса за електронска пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 10 ноември 2022 година до 17:00 часот со следната назнака во насловот на пораката: Апликација за работа за позицијата Специјалист за вклучување на приватниот сектор.

Нецелосните апликации нема да бидат земени предвид за оценување.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »