Раководител во сектор административни услуги (реон Скопје)

За компанијата: Компанијата ЕСИ (Employment Services International) е присутна на пазарот од мај 2007, како агенција за услуги кои се однесуваат на човечките ресурси. Наша цел е да понудиме комплетни решенија за раководење... повеќе за компанијата »

За вработување кај наш реномиран клиент, ОКТА АД – Скопје,  која е членка на една од водечките енергетски групации во Југоисточна Европа – Групацијата Хеленик Петролеум и воедно најголем снабдувач на горива во земјата, бараме:

РАКОВОДИТЕЛ ВО СЕКТОР АДМИНИСТРАТИВНИ УСЛУГИ (Реон Скопје)

 

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

 

  • Организација и контрола на работата на вработените во сектор Административни услуги со цел ефикасно и навремено извршување на работните задачи
  • Следење, координација и контрола на работењето на Архивата на компанијата
  • Следење и контрола на работата и квалитетот на обезбедени услуги од ангажираните компании за превоз на вработени
  • Планирање, организација и контрола на користењето на возниот парк на компанијата
  • Планирање и организација на останатите административни логистички активности на компанијата
  • Следење и контрола на работата и квалитетот на обезбедени услуги од аутсорсинг компании за останатите административни логистички активности кои се во надлежност на секторот Административни услуги
  • Разрешување на итни работни задачи од делокругот на Административни услуги на дневна основа
  • Учество во изготвување на одлуки и договори кои се во надлежност на секторот Административни услуги
  • Изготвување на месечни извештаи и анализи за потребите на менаџментот
  • Контрола на финансиските документи од добавувачите на услуги во секторот
  • Пренесување точни и навремени податоци и информации до менаџментот како и предлагање на мерки за унапредување на работењето на секторот
  • Изготвување, измена и дополнување на работни упатства и процедури од делокругот на сектор Административни услуги
  • Примена и придржување кон интерните акти на компанијата
  • Следење и примена на законските и другите прописи од областа на Административните услуги
  • По барање на претпоставениот изведува други задачи во склоп на професионалните квалификации

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

 

  • Висока стручна спрема (од областа на менаџмент се смета за предност);
  • Најмалку 3 години релевантно работно искуство на слична позиција;
  • Напредно познавање на MS Office;
  • Пишано и говорно напредно ниво на деловен англиски јазик;
  • Основно познавање на SAP се смета за предност;
  • Возачка дозвола – Б категорија;

 

ПОТРЕБНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ

 

  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
  • Извонредни организациски и лидерски вештини;
  • Одговорност, доверливост и кооперативност;
  • Аналитички вештини;
  • Мобилност и способност за приспособување на разни работни задачи;
  • Ориентираност кон тимска работа;
  • Способност за решавање проблеми
  • Time management вештини;
  • Способност за донесување одлуки;
  • Иницијативност;
  • Желба за постојано учење и унапредување на своите вештини

 

ПОНУДА:

  • Работа во позитивна средина со можност за напредување
  • Конкурентна нето плата
  • Интерна обука со постојан надзор од менаџерот на секторот
  • Полно работно време од 08:00-16:00 часот
  • Организиран превоз од компанијата, до и од работно место
  • Организирана исхрана од компанијата

Други бенефиции согласно политиките на компанијата.

 

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] и наведете ја позицијата „РАКОВОДИТЕЛ ВО СЕКТОР АДМИНИСТРАТИВНИ УСЛУГИ“ за која аплицирате.

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897
[најави се за да го видиш е-маилот] , www.esi.mk

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »